Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Во декември зголемување на пријавите за говор на омраза за 130 отсто

0
By Нова ТВ on January 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 25, 2021 15:13

– Хелсиншкиот комитет за човекови права во декември 2020 година, слично како и во текот на целата 2020 година, нотирал висок број случаи со говор на омраза на социјалните медиуми. Комитетот верификувал вкупно 110 пријави за декември 2020 година, што претставува зголемување за 130 отсто во споредба со истиот месец во 2019 година.

-Говорот на омраза врз основ на етничка припадност повторно беше на врвот на пријавите, опфаќајќи 48 отсто од сите случаи регистрирани за тековниот месец. Истовремено, пријавите врз основ на политичка ориентација и сексуална ориентација и родов идентитет повторно забележаа подем во декември, со по 30 отсто од вкупниот број пријави, стои во извештајот.

Најголем број од случаите во октомври, како што е посочено, се однесуваа повторно на пријави поврзани со говор на омраза врз основ на етничка припадност, што беше во постојан пораст од почетокот на глобалната пандемија. – Најголем пораст на вакви пријави беше забележан во периодот кога Владата на Северна Македонија обезбеди средства за поддршка на работата на Општина Арачиново, одлука која наиде на остри критики и дискусија во јавноста бидејќи ѝ се даде етничко-политички предзнак, велат од Хелсиншкиот комитет.

Посочуваат дека внатрешните политички случувања доведоа до продлабочување на негативната реторика која честопати се заснова врз дезинформации и лажни вести без проверка на фактите за водење на понатамошна дискусија, како  што беше ситуацијата при објавувањето на предлог-концептот за реформа на дел од образовните процеси од страна на Министерството за образование и наука.

-Една од главните причини за ширење на говор на омраза е немањето верификувани информации и ширењето дезинформации и лажни вести. Дополнителен фактор за ваквата состојба е непостапувањето по случаите на говор на омраза, особено од страна на Јавното обвинителство, стои во извештајот.

Во овој извештаен период Хелсиншкиот комитет регистрирал 53 случаи на прекршување на работничките права на текстилните работнички и поднел  три барања за вонреден инспекциски надзор во текстилни фабрики. Во еден од случаите станува збор за неисплатени плати, а во два од случаите станува збор за непреземени превентивни мерки за заштита од КОВИД-19 на работните места, наведено е во Извештајот за човековите права за декември 2020 година на Хелсиншкиот комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.