Во рамки на денешната прес конференција, портпаролот на Владата Муамет Хоџа, ги посочи делот одлуки кои Владата ги усвои на вчерашна седница. Главната одлука е онаа врзана за планот на вакцинацијата, која како што најави, Хоџа, ќе се одвива во три фази.
„Усвоен е планот за вакцинација против Ковид 19. Истата ќе се одвива во три фази, а сето тоа ќе се конкретизира со пристигнувањето на вакцините во С Македонија. Во рамки на фазите, предност ќе им се даде на најранливите, односно оние кои имаат најголем ризик“, истакна Хоџа.
На новинарско прашање, кога конкретно ќе започне вакцинацијата и зошто се уште немаме пристигнати вакцини во земјава, Хоџа посочува:
„Во текот на денешниот ден, МЗ ќе контактира за усвоениот план. Во месец февруари ги чекаме вакцините од Фајзер, по што ќе започне вакцинацијата“.