Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџиќ за ЦивилМедиа: Политичката кариера на Додик е пред крај, тој не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот

0
By Marija Todorovska on January 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето е, ако целта за поделба на БиХ не им успеа на многу помоќните Милошевиќ, Караџиќ и Младиќ, зошто Милорад Додик мисли дека токму тој сега може да ја спроведе таа цел? Мојата теза е дека тој знае дека таа политика  повторно ќе биде поразена од босанските патриоти, но него во конфликт го турка токму агресорот Путин.

Џабир Дерала

Продолжуваат тензиите во Босна и Херцеговина, што неизбежно има влијание врз стабилноста на целиот регион на Западен Балкан. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, продолжува со својата агенда за дестабилизација на БиХ и регионот. Тоа се потврдува и со изјавата дека отцепувањето на Република Српска е „света задача“ што ја даде за локалната телевизија РТРС. Изјава и политиките на верниот следбеник на рускиот диктатор Путин, беа повод за ова ексклузивно интервју на ЦивилМедиа со Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, во јавноста познат и како колумнист и активист за човекови права.

 Цивил Медиа : Како ја оценувате изјавата на Додик дека отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина е „света задача“? Иако ваквите изјави не се ни оддалеку изненадување кога се работи за Додик, но во јавноста како да изостанува дискусија, а уште помалку осуда за овие тенденции. Што стои зад таа изјава на Додик?

Хоџиќ: Изјавите на Милорад Додик дека отцепувањето на помалиот ентитет на БиХ е света задача се еден континуитет на негови изјави кои му ја одбележаа политичката кариера, но преставуваат и континуирана цел на великосрпската политика.

Поделбата на Босна и Херцеговина беше цел и на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. За да ја исполнат таа цел, овие тројца започнаа војна против независноста на Босна и Херцеговина, а во текот на таа војна извршија геноцид врз Бошњаците. Единствен геноцид на тлото на Европа после Втората светска војна досега. Дури по завршетокот на агресијата на Русија врз Украина ќе се докажува евентуален геноцид на великоруската политика на Путин врз Украинците. И како што знаете, отпорот на Бошњаците и босанските патриоти не дозволи поделба на БиХ. Додека Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, како и нивната политика, завршија како воени злосторници во меѓународниот суд во Хаг.

Цивил Медиа: Дали мислите дека целта на Додик е остварлива?

Хоџиќ: Прашањето е, ако целта за поделба на БиХ не им успеа на многу помоќните Милошевиќ, Караџиќ и Младиќ, зошто Милорад Додик мисли дека токму тој сега може да ја спроведе таа цел? Мојата теза е дека тој знае дека таа политика  повторно ќе биде поразена од босанските патриоти, но него во конфликт го турка токму агресорот Путин.

Знаете, додека цел демократски свет го изолира Путин, Милорад Додик одеше на редовни средби и координации во Москва. Одамна не е тајна, дури и демократските опозициски структури во Србија со огорченост зборуваа за плановите на Путин преку великосрпската политика да произведат нов конфликт на Западен Балкан – БиХ, Црна Гора, Косово.

Цивил Медиа: Дали Босна и Херцеговина има капацитет да се справи со екстремизмот на Додик и неговите планови да ја отцепи Република Српска?

Хоџиќ: Денес, за разлика од почеток на 90-тите години, Босна и Херцеговина и нејзините патриоти се многу повеќе организирани. Прво, искуствата од отпорот и одбранбената војна од 90-тите сѐ уште се свежи. Второ, денес на меѓународен план Босна и Херцеговина има многу повеќе пријатели од периодот кога се стекнуваше независноста. Трето, денес БиХ има своја сериозна наменска индустрија која произведува оружје и за извоз низ целиот свет, а тоа не беше случај во почеток на 90-тите. Четврто, вмрежувањето на пријателите на БиХ и босанските патриоти е многу полесно со денешните технологии.

Цивил Медиа : Кои се Вашите прогнози за Милорад Додик? Каква е неговата иднина?

Хоџиќ: Мојата прогноза за Милорад Додик, кој сето ова го знае, е дека, сепак, неговата политичка кариера е на самиот крај. Тој и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари, па нема сила да влезе на крајот од кариерата во авантурите кои од него ги бара Путин. Доколку во некој очајнички потез сепак го направи тоа, неговата политика ќе биде уште поефикасно поразена, отколку своевремено политиката на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Не заборавајте, НАТО сојузот, најголемиот воено-безбедносен сојуз на светот, официјално има три воени интервенции. Првите две воени интервенции се врз целите на великосрпската политика во БиХ и Косово, а третата интервенција е врз целите на политиката на Талибанците.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

БиХ Додик интервју Србија Хоџиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.