Поранешниот руски нафтен магнат, Михаил Ходорковски пристигна во Швајцарија, откако го напушти Берлин, каде што престојуваше по ослободувањето од рускиот затвор каде помина 10 години поради финансиски криминал.
Швајцарија.на Ходорковски му додели тримесечна виза, но во медиумите се шпекулира дека поранешниот челник на нафтениот гигант планира да остане подолго во Швајцарија.
Портпаролот на Ходорковски изјави дека тој и неговата сопруга патувале со воз до Базел за да ги придружуваат своите двајца синови кои требало да се вратат на училиште во Швајцарија.
Ходорковски за швајцарската телевизија изјави дека сака да води кампања за ослободување на политичките затвореници.
Тој беше помилуван од рускиот претседател Владимир Путин на 20 декември откако поминал повеќе од десет години затвор за измама и даночно затајување. Ходорковски секогаш негираше каква било вина, а на неговата пресуда Западот гледаше како на политичка одмазда од страна на Кремљ за неговото финансирање на опозицијата