Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандија и ЕК бараат целосно повлекување на аболицијата

0
By Нова ТВ on May 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2016 17:52

Холандија и Европската комисија се загрижени за македонската политичка криза и нејзиното продлабочување и бараат целосно повлекување на аболицијата.

Холандија, актуелен претседавач со ЕУ, преку соопштение ги испрати впечатоците на генералниот директор за европска соработка на холандското министерство за надворешни работи Роберт де Хроут, претставник на ниво на заменик-министер за надворешни работи.

За де Хроут, во Македонија “сегашната ситуација е разединувачка и неодржлива и која може да се подобри единствено преку инклузивен процес заснован на транспарентност и одговорност од сите чинители. Сите страни треба да бидат вклучени во дефинирање и спроведување на реформска агенда заснована на Договорот од Пржино”.

Холандија бара “одговорност и почитување на владеењето на правото од страна на сите, што истовремено подразбира активна поддршка од сите вклучени страни за непречено функционирање на Специјалното јавно обвинителство. Во оваа насока, одлуката за помилување донесена од Претседателот Ѓорге Иванов треба да биде повлечена сеопфатно и без дискриминација, со цел да се избегне вкоренување на впечатокот за неказнивост. Истовремено, учеството на лицата кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство во привремената Влада или било која друга политичка функција не придонесува кон враќање на довербата на граѓаните”.

Холандија подвлекува дека “ќе продолжи да го следи развојот на настаните во Македонија, кои се од клучна важност со цел да се врати земјата назад на патот кон Евро-Атлантска интеграција”.

Истата порака стаса и од Брисел:

“Партиите мора итно да се справат со сериозниот проблем – помилувањето кое претседателот Иванов го даде на бројни функционери. По вчерашната одлука на Парламентот, очекуваме помилувањето од 12 април неодложно да биде поништено за да се зачуваат принципите на одговорност, да се спротивстават на сериозната загриженост поради неказнивоста и да се избегне селективната правда. Еден од фундаменталните демократски принципи е сите граѓани да бидат еднакви пред законот”, рече портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.