Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холифилдски директ во главата на Мицкоски!

0
By Zoran Ivanov on November 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 14, 2025 21:36

Мене ми се чини дека тој е излезен од зоната на дозволените политички имагинации и креации и е навлезен во зоната на нешто што можеме да го окарактеризираме како злосторнички потфат. Тој ми изгледа како шеф на тој потфат. Но ова што, охрабрени од Извештајот на ЕУ, денеска го направија Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и Врховниот суд, не е спрдачина, потсмевање и омаловажување, а најмалку од се е исмејување на премиерот, туку холифилдски директ во неговата глава.

Бранко Тричковски

Човекот кој сака да се надмине себе си обично влегува во вулгарност. Особено ако нивото кое сака да го надмине е ниско за функцијата што ја обавува. Упадливата имитација е на чекор од вулгарноста. А продолженото глуматање на строгост, месијански патернализам, односно на вучиќевизам, го поместуваат лицето отаде вулгарноста. До нивото кое наместо страв предизвикува подбив, отворена спрдачина, па и громогласна смеа.

Јунакот на нашата приказна не е арогантен, за тоа сепак е потребно троа повеќе дух, шлиф, знаење, Бродски во Америка бил арогантен, така што имаме работа со ограничен, прост и вулгарен тип, опремен со амбиции без трунка покритие.

Во таква позиција е премиерот на Северна Македонија.

Можете да си замислите во каква позиција е земјата што ја води.

И граѓаните, нормално.

Тој може да мисли што сака за таканаречените национални и државни интереси, но резултатите од идиотскиот жонглерај што тука ни се претставува како заштитничка политика, играњето со интересите на луѓето како со топчиња на флипер табла, драматичната некомпетентност политичка, говорат за тоа дека неговата политика е објективна саботажа на историските остварувања и врзано со тоа на иднината на оваа држава, нација и граѓанство.

Мене ми се чини дека тој е излезен од зоната на дозволените политички имагинации и креации и е навлезен во зоната на нешто што можеме да го окарактеризираме како злосторнички потфат. Тој ми изгледа како шеф на тој потфат.

Но ова што, охрабрени од Извештајот на ЕУ, денеска го направија Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и Врховниот суд, не е спрдачина, потсмевање и омаловажување, а најмалку од се е исмејување на премиерот, туку холифилдски директ во неговата глава.

Можеме да му броиме, макар што не падна.

Хахаха!

Да се потсетиме:

Обраќањето содржи многу сериозни обвинувања за дејствија кои сумарно се на границата да бидат систематизирани како уставен и државен удар во продолжение.

“Со Вашите досегашни коментари го нарушувате демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршна. Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат.”

Се вели во отвореното писмо.

Што ќе рече дека премиерот не ги почитува тие уставни постулати.

Што е тоа ако не е државен удар!

Во писмото овие елементи се засилуваат со децидната оценка дека независноста на судството е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.

Што е тоа во правна смисла?

Уставен удар!?

Како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет.

Тема која во рекацијата на премиерот, заедно со најавата дека ќе се донесат законите кои ќе ја регулираат финамсиската самостојност на судството, беше искажан нов сет закани.

Денеска е објавено дека Јавното обвинителство примило кривична пријава против директорот на АНБ Христовски и дека истата е проследена до надлежен обвинител. Директорот и некои други луѓе од Агенцијата се товарат за злоупотреби на службената должност, за издавање на доверливи материјали, местење на кривична пријава, ако добро разбрав, односно за саботажа. Работи со кои се доведени во прашање интегритетот и капацитетите на службата односно на Македонија како држава

Пред неколку дена е отворена аферата со тешката злоупотреба на средствата од ИПАРД фондовите. И тоа на луѓе многу блиски на премиерот.

Пред тоа беше аферата со дивоградбите во Чаир, а многу пред тоа трагедијата во Кочани која ја извлече чергата на легитимноста на власта и сама по себе и со скандалозните плеткања но истрагата. Тоа што по таа драма вмро и премиерот успеаја да однесат победа на локалните избори во Кочани само ја нагласи делегитимизацијата и криминалноста на партиските однесувања во овој дел на државата.

Конечно го добивме поразителниот извештај од Европската унија кој и покрај силните напори на власта, ја драматизира македонската јавност во многу широки кругови кои многу сериозно ја поткопаа позицијата на вмро, на владината коалиција и на премиерот лично.

Така што расклатена е претставата за моќта на вмро и на лидерот. Елементи кои почиваа повеќе на субјективните перцепции создадени преку беспримерната пропаганда отколку што се темелеа на реалните факти.

Не сакам да претерувам, се разбира, но овие акти и процеси даваат на знаење дека “јоште Македонија ни згинела” односно дека се буди од страшното дејствие на вморонската дрога, всушност на отровни печурки од митовите и тралалајките за славните јунаци од кои со децении нема да можеме да се оправиме.

Одиме понатаму.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бранко триочковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.