Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХОПС и Мрежата за заштита од дискриминација ја обвинија Комисијата за заштита од дискриминација за недоволна сензитивност

0
By Mirjana on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје и Мрежата за заштита од
дискриминација се обратија до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со претставка за случај на индиректна дискриминација врз основа на здравствен статус. На женаж која во минатото се лекувала од Хепатит Ц не ѝ било овозможено приватно здравствено осигурување. Приватната осигурителна компанија не им го овозможува ова право и на други
лица кои во минатото или во моментот се лекуваат од различни болести. На тој начин осигурителните комапнии вршат дискриминација врз основа на здравствен статус и припадност на маргинализирана група кон луѓето што употребуваат дроги и други групи на пациенти кои се лекуваат од различни хронични болести.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапувајќи по претставката донесе мислење со коешто не утврди индиректна дискриминација по основ на здравствена состојба кон лицата кои употребуваат дроги, но и кон останатите лица со хронични заболувања.

Според Комисијата, избегнувањето на ризик од финансиска загуба преставува
легитимна цел за да се дискриминираат различни групи на пациенти без разлика дали во моментот се лекуваат или се излечиле од некоја болест. На овој начин Комисијата неправилно го применува Законот за спречување и заштита од дискриминација што дефинира што може да биде легитимна цел, како: „целта за чиешто остварување средствата треба да соодветствуваат со реалните потреби во конкретен случај, да се однапред прецизно дефинирани, да се неопходни за остварување на таа цел, како и да се пропорционални на
ефектите што треба да се постигнат“. Дали според Комисијата профитот на осигурителната компанија е реална потреба а дискриминацијата на пациентите е неопходен начин да се оствари таа цел?!

Оваа практика е спротивна на меѓународните стандарди во областа. Според Европската Конвенција за човекови права, легитимни цели за ограничување на правата можат да бидат државната безбедност, заштитата на здравјето и моралот, заштита од криминал и заштита на правата на другите. Профитот на приватните компании не може да се смета за поважен од еднаквоста на граѓаните како нивно уставно и меѓународно признато право.

Комисијата се повикува на одредбите од областа на приватното здравствено
осигурување без да се земе предвид дека дискриминацијата некогаш потекнува од самите закони. Ако нешто е уредено во закон не значи дека не може да биде дискриминација. Притоа треба да се има предвид дека овие лица се целосно исклучени од правото на приватно здравствено осигурување. За лицата кои имаат хронични заболувања кои влијаат на обемот на здравствени услуги кои ги примаат, компаниите можат да предвидат начин на плаќање и пресметување на реалните трошоци за лекување, но не и целосно исклучување од правото.
Имајќи предвид дека оваа Комисија согласно Законот треба да претставува експертско и независно тело за спречување и заштита од дискриминација особено загрижува фактот што тоа тело не е доволно сензитивно во однос на прекршувањето на правата на маргинализираните заедници, каде спаѓаат и различни групи на пациенти, хронично болни и луѓе кои употребуваат или употребувале дроги.

 

 

 

 

 

 

 

 

КОМИСИЈАНЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА против ХОПС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.