Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХОПС: Потпишете петиција за поддршка на програмите за штети од дроги

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 16:37

ХОПС апелира за поддршка од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги. Со потпишување на петицијата, граѓаните од целата држава ќе ја дадат својата поддршка за иницијативата на Здружението на граѓани ХОПС за финансирање на овие програми од буџетот на Република Македонија.

Петицијата за потпишување е достапна на линкот а истата ќе биде поднесена до Владата, како и до Министерството за здравство. Со продолжување на овие програми се спасуваат многу животи, а финансиската оправданост е потврдена и низ бројки, велат од ХОПС.

– Во државата активни се вкупно 17 програми за намалување на штетите. Нивната ефикасност и придонес кон подобрување на состојбите се гледа и од бројките, само 2 нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години. Непреченото функционирање се покажа и како многу финансиски исплатливо. Затоа ги повикуваме граѓаните да се потпишат на онлајн петицијата, да ја дадат својата поддршка и со тоа да придонесат и самите за спасување животи и за намалување на негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги – изјавуваат од ХОПС.

Со потпишувањето на петиција, како начин за пренесување на волјата на граѓаните, ХОПС ќе повика на донесување итно решение за обезбедување континуирана помош за граѓаните за превенцијата на ХИВ и за воспоставување соработка помеѓу Министерството за здравство и граѓанскиот сектор за донесување соодветни закони кои ќе гарантираат транспарентност, соодветна експертиза и долгорочна одржливост и развој на програмите за превенција на ХИВ.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.