Според извештајот на Европскиот парламент изгласан денеска, сегашното грчко претседавање со ЕУ, треба да се претвори во предност, а не во пречка, во поглед на долгиот проблем за името помеѓу Атина и Скопје.
Европратеникот Ричард Ховит кој ќе го посети Скопје како известувач на 12 февруари, обезбеди големо мнозинство од 48 наспрема 4 за овој извештај, со кој се потврдува повикот за неодложен старт на преговорите со ЕУ.
Нацрт-решението кое сега ќе се гласа од целиот Европски парламент во февруари, ја повикува Грција да употреби лидерство за да се надмине сегашниот застој во европскиот пат на земјата, и да воспостави нови стимули за да се реши прашањето со името.
Известувачот Ховит одговори на загрижувањата покренати во земјата за нацрт-извештајот, претставувајќи ги понатамошните измени, тој појасни дека повикот за билингвална едукација не е обврзувачки и дека предупредувањето за „ултранационализам“ се однесува на сите земји во процесот на проширување на ЕУ, а не директно врз Скопје.
„Грчкото министерство за надворешни работи ме увери дека ќе го насочат своето претседавање во однос на Скопје, објективно во име на ЕУ како целина“рече Ховит.
„Барам од нив да одат чекор напред согледувајќи дека ова е шанса за двете страни да вложат искрени напори да го решат прашањето со името, и да работат кон решение за почеток на разговорите со ЕУ“.
Излгасаното решение повторува дека билатералните проблеми не смеат да влијаат во процесот на приближување кон ЕУ, но за прв пат го става во знак прашање кредибилитетот на рамката на ОН во која се решава спорот, како и кредибилитетот на процесот за прбилижување кон ЕУ, со постојано неуспешен старт на преговорите.
Извештајот ќе се дебатира во Европскиот парламент во Стразбур на 5 февруари а за него ќе се гласа наредниот ден. Известувачот за Македонија, Ховит ќе го посети Скопје за да разговара за резултатите на 12-14 февруари.




