Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит: Македонија ризикува да ја изгуби европската шанса

0
By Нова ТВ on February 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Морам да кажам дека длабоко жалам што актуелната политичка ситуација ризикува да го загрози понатамошниот прогрес“, изјави пред заминувањето од Скопје известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.

-Ќе речам дека перцепцијата за тоа што се случи на 24-ти декември е дека се става под знак прашалник демократскиот кредибилитет на државата и дека Европскиот Парламент не верува во бојкотирања на избори во оваа или во било која друга земја, нагласи тој.

– Не ни претендирав дека би можел или дека воопшто ќе најдам решение оваа недела. Тоа на крајот на краиштата е одговорност на политичарите на оваа земја, рече Ховит.

Ховит ги остава политичките партии во земјава сами да најдат решение за политичката криза што значи дека и евроинтегративниот процес, односно добивањето датум за преговори е во нивни раце.

– Верувам дека историската можност за земјата се уште постои на Европскиот совет во јуни, но она што ќе се случува овде во наредните неколку денови може да ги детерминира случувањата во Брисел во следните неколку години, порача Ричард Ховит.

Мојата порака до Владата на оваа земја е дека таа е Владата и дека има одговорност да ја реши оваа политичка криза заедно со секоја од другите политички партии што се вклучени, посочи британскиот европарламентарец.

– Нема да дадам временска рамка за решавање на политичкиот спор во земјата. Таа временска рамка беше вчера. Тоа треба да се реши веднаш оти и нанесува штета на земјата, ги загрозува нејзините перспективи и единствено што можам да кажам како пријател и човек што ја сака оваа земја и сака таа да има европска иднина е дека оваа криза мора да се реши, порача известувачот Ричард Ховит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.