Во рамките на тридневната посета на Р. Македонија, британскиот евро-парламентарец и известувач за Р. Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит денеска ќе ја посети општина Центар.
Брисел во континуитет покажува заинтересираност за случувањата во општина Центар и за време на изборниот процес и трите прегласувања и по изборот на новото раководство.
Ова го потврди и евро-комесарот за проширување, Штефан Филе кој пред членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент и порача на Владата на РМ да посвети внимание на состојбите во, како што рече многу важниот Совет на општина Центар, за кој и ОБСЕ/ОДИХР кога реферираше за изборите го означи како точка на демократско одлучување, каде опозицијата го освои тој важен Совет во Скопје, соопштија од Општина Центар.




