Published: Monday, October 28, 2013 15:57
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит во македонското собрание пред Националниот совет ја пренесе „загриженоста од многу колеги и земји во Брисел околу слободата на изразувањето“.
„Одблиску ги следиме препораките околу законот за мадиуми, како и случајот за новинарот Томислав Кежаровски. Сакам да слушнам што имате да ми кажете и во Брисел да ги отворам прашањата. Сакам да имам јасна перспектива и да информирам за тоа во Брисел, за чесно да си ја завршам мојата работа“, истакна Ховит, кој денеска и следните два дена ќе престојува во Македонија.
Попладнево тој ќе има средна и со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.




