Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат, изјави за Радио Слободна Европа известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.
Денешната дебата во Европскиот парламент ќе испрати сигнал до граѓаните и до политичарите во земјава дека обврските кои ги презеле мора да ги остварат, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.
„Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат. Но истовремено испраќаме еднакво силна порака до Европскиот Совет и до земјите членки на Унијата, дека кога тој прогрес ќе се постигне не смее да биде изговор за недонесување на одлука или некаква акција во Брисел.
– Ако навистина сакаме оваа земја да напредува или ако сакаме да се воведе тоа што јас го нарекувам двигател за земјата и нејзините реформи, тогаш е оправдено да се почнат преговорите и да се понуди датум без натаможни одлагања или условувања или двоумења и се надевам дека токму за тоа ќе гласа европскиот парламент“, изјави Ховит.