Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит во ЕП: Апел до властите за напредок на Македонија

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 22, 2013 20:00

Европратеникот и известувач за Македонија, Ричард Ховит на Европскиот парламент, на годишната дебата за напредокот на земјата кон пристапувањето во ЕУ, денеска му упати “јасна препорака дека преговорите за пристапување треба да започне без одлагање”.

Сепак, Ховит додаде дека оваа година, како одговор на етничките тензии во август минатата година и на политичката криза од 24 декември, треба да се потсети на тешката реалност:

“Дека идниот напредок кон Европа е загрозен.

Дека демократскиот кредибилитет на земјата е доведен во прашање.

Дека ние не можеме да сакаме вашата земја да се приклучи кон Европската унија повеќе од вие што сакате. Така, на Комисијата за истрага, од Меморандумот за разбирање, на дијалогот за слободата на изразување, апелирам да се направи суштински напредок подалеку од каде што сте денес.

И јас истото го кажувам и за прашањето за името.

Европа праведно го поздрави напредокот меѓу Србија и Косово.
Храброста што мораа да ја демонстрираат овие лидери не е помалку од она што денес се бара од лидерите во Атина и Скопје.

Навистина се плашам дека само може напредокот околу прашањето за името да ги одржи надежите за во јуни.

Но, овој парламент постави јасни прашања во врска со Европскиот Совет.

Дали ги користите обврските на земјата само како соодветен изговор?

Дали некогаш сте помислиле што би се случило ако оваа земја повторно се врати кон конфликти и поделби?

Водејќи се според настаните од минатата година, дали Европскиот Совет ги прифаќа своите должности кои доаѓаат од разни одложувања и отфрлања?

Дали ви е јасно дека кога чекате во редица и постојано ве преминуваат, потиснувајќи ве се подалеку и подалеку од почетокот на редицата, во одреден момент целосно ќе ја напуштите редицата?

Јас сега се плашам дека Европскиот совет себе можеби ќе треба да размислува за одлагање на јунската одлука. Можеби тоа е подобар исход од уште едно отфрлање?

Навистина до крајот на оваа година, не можам да предвидам дали тоа ќе биде земја во која пристапните преговори со ЕУ ќе почнат? Или ќе биде онаа која може да го изгуби својот статус на кандидат? Она што јас го знам е дека ова е земја и народ кои заслужуваат шанса.

Мислам дека повеќето од сите обични Македонци на улица, во ходниците, за транспорт, кои дојдоа до нас да ни посакаат добро, бараат од нас да се успее.

Тоа се оние надежи и стремежи на народот на земјата кои ме водат мене најмногу, и кои бараат Европската унија да најде начин за помагање на оваа земја да се придвижи напред” , изјави Ховит пред ЕП во Стразбур.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.