Хозе Мухика освен што луѓето го знаат како „најсиромашниот претседател“, е воедно и претседател на земја кој рече „Јас сум против втор мандат, можам да имам идеи само за 4-5 години, потоа треба да дојде друг со нови идеи“.

И по пет години владеење со Уругвај, Мухика вчера ја предаде функцијата на новиот претседател Табаре Васкез.

Поранешниот Герилец добар дел 70-тите и 80-тите поминал во затвор, отслужува многу години во затвор, а две ги поминува во бунар.

Мухика не беше познат како најскромен претседател, или како што Емир Костурица го опишува „последниот херој во политиката“ туку така. Избегнувајќи ги луксузните привилегии кои ги носи претседателската функција, Мухика речиси никогаш не носеше вратоврски, а често на церемонии облекуваше најобична облека. Од претседателската плата, 90 отсто донираше во добротворни цели, со образложение дека доволни му се 10-те отсто што му остануваат и платата на неговата сопруга Лусија Тополански, која е сенатор во Уругвај.

„Мојот начин на живот не го менувам само затоа што сум претседател. Заработувам повеќе отколку што ми е потребно. За мене тоа не е жртвување, туку должност“, рече Мухика во една прилика.

Мухика и својата сопруга живеат со своето хендикепирано куче Мануела и двајца полициски службеници на мала фарма во предградие на Монтевидео.

„Велат сум бил најсиромашен, но не се чувствувам така. Сиромашни се само тие кои работат само за да го одржат својот скап живот а сакаат се повеќе и повеќе“, вели Мухика.

И додека сите светски лидери се служат со службени автомобили и шофери, поранешниот претседател на Уругвај се вози со сопствена „Буба“. Во една прилика добил и 1 милион долари од шеик од Арапските земји, но Мухика предлогот го одбил со „Не ми значи понудата ништо“.

Герхалдо Акоста, е Уругваецот кој додека стопирал одејќи пеш до својот дом, имал прилика да се вози во „бубата“, кога Претседателот го качил во својот автомобил додека се возел со сопругата Лусија.

Во 2014 година, општествените реформи на Хозе Мухика, меѓу кои легализирање на марихуаната, абортусот и истополовите бракови, му го донесоа на Уругвај епитетот „држава на годината“, а го зголемија процентот на среќа без никакви финансиски трошоци.

„Полесно е да контролирате нешто што е легално“, напомена Мухика кога беше интервјуиран за овие реформи.

„Штом политичарите ќе почнат да се искачуваат по скалата нагоре, одеднаш станува кралеви. Не знам како функционира тоа, но она што знам дека република се создава така што секој е рамноправен. Потребна им е палата, црвен тепих, и многу одговори од типот „Да, господине“, за мене сето тоа е ужасно“, објаснува претседателот кој земјата ја остава со позитивен рејтинг кој достигнува до 70 %.

А зад оваа историја стои фактот дека бил застрелан дури шест пати, а 14 години бил разместуван низ затвори затоа што се борел против диктатурата.

„Не се сомневам дека доколку не го преживеав сето тоа, немаше да бидам она што сум денес. Затворот генерално и затворските самици имаат големо влијание врз мене. Морав да најдам нешто во мене. Замислете, не бев способен ни да читам неколку години“, рече Мухика во интервју за еден од светските медиуми.