Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Храбрите луѓе со туѓи имиња

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2026 14:25

„Негативноста ја убива креативноста“.

Бенита Белешкова

Не знам дали оваа мисла првично е негова, но Дејвид Линч навистина ја кажа со тие зборови, а на ова еднаш налетав следејќи негово уникатно интервју каде зборуваше за Трансцендентална Медитација, па таа негова мисла ми дојде како поврзана со фактот дека интернетот кај нас, секој ден се обидува да го докаже спротивното: дека негативноста е новата уметничка дисциплина.

Времињата се многу сменети, се нешто оди побрзо од порано и некогаш луѓето пишуваа книги за да се сокријат со псевдоним и критикуваат. Денес прават лажни профили. Ова според мене е нова гранка на човечката еволуција што Дарвин веројатно не ја предвидел, а и не би можел. Особено ме интригира храброста на тие луѓе.

Толку се храбри што никој не знае кои се. Ова би дошло сликовито да си го замислам како некој да сака  да се пријави на боксерски меч со фантомка и да бара аплауз за спортскиот дух (ако воопшто тоа се смета за спорт).

Најинтересно е што таквите херои не сакаат разговор туку агресија. Но понекогаш и влегуваат во расправа, ама само да нервираат повеќе. Не знам дали сакаат критика. Сакаат само да ја остават пораката и да исчезнат. Агресијата често започнува таму каде што завршува способноста за разумен разговор.

Во мојата имагинација тоа би си го претставила како дигитален гулаб што не носи писмо, туку киселина.

Потоа седат некаде и чекаат. Не знам што чекаат.

Можеби да видат дали жртвата ќе престане да пишува или да видат дали ќе почне да се сомнева во себе.

Или можеби само уживаат во чувството дека некаде, некој непознат размислува за нив повеќе отколку што тие некогаш размислувале за себе.

Мене, искрено, ме збунува нешто друго.

Ако навистина мислиш дека имаш толку генијална критика, зошто првата жртва на таа критика е твоето сопствено име? Зошто токму него го криеш?

Тоа е како некој да ми испрати анонимна порака: „Јас сум искрен човек.“

Па добро. Потпиши се.

Анонимниот напаѓач често се крие затоа што не сака средба со сопствената совест. Оној кој нема сила да создава, често ја троши енергијата на уништување. Тоа е еден вид е обид на човек без сопствен глас да се почувствува моќен преку рушење на туѓиот глас. Анонимниот напад често почнува со етикетирање: „тој е ваков“, „таа е онаква“, наместо со вистинско познавање на личноста.Потоа, кога човекот ќе биде сведен на етикета, полесно е да биде нападнат и од другите.

Можеби најопасно е кога анонимната агресија се појавува во моменти кога општеството навистина има потреба од сериозни прашања и одговори. Кога граѓаните се загрижени за нешто толку суштинско како квалитетот на водата што ја пијат, природно е да бараат информации, одговорност и транспарентност од институциите. Новинарите имаат право и обврска да поставуваат прашања, а јавноста има право да бара одговори.

Но, токму во такви моменти се појавуваат и оние кои не бараат вистина, туку конфликт. Наместо дискусија за факти и одговорност, анонимните профили често ја пренасочуваат дебатата кон омраза, навреди и поделби. Одеднаш секој проблем станува повод за старата политичка пресметка, за меѓусебни обвинувања, за отворање на теми кои немаат врска со суштината на прашањето.

Најлесно е да се создаде гнев. Многу потешко е да се бара вистината. А човекот кој навистина сака одговорност не му треба лажен профил за да го постави своето прашање.

Во светот на литературата, филмот и уметноста отсекогаш постоела сурова критика. Но критичарот стоел зад своите зборови.

Хана Арент, особено анализирајќи го феноменот на баналноста на злото, предупреди дека најопасното зло често не изгледа како чудовиште, туку како човек кој престанал да размислува за последиците од своите дела.

Кога човекот престанува да мисли, тој станува способен да му нанесе зло на другиот без да чувствува лична вина.

Дури и Албер Ками пишувал за кукавичлукот на безличната толпа, односно предупредувал дека  човекот лесно ја губи личната одговорност кога се крие зад група, идеологија или маска.

Најопасна е омразата што мисли дека е оправдана.

Денес, изгледа дека единственото ремек-дело на некои луѓе е лозинката за нов лажен профил. А токму тука гледам дека најголемата иронија не е во нивната омраза. Критиката има автор … а навредата бара алиби.

Лажниот профил е единственото место каде што кукавичлукот се претставува како искреност.

Анонимниот агресор не ја покажува својата сила со тоа што се крие, туку ја открива својата слабост, затоа што му е потребна темнина за да изгледа поголем отколку што е. И можеби токму затоа најголемиот проблем на анонимниот интернет не е недостатокот на култура.

Туку недостатокот на храброст.

 

бенита белешкова колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.