Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Христијан Пендиков ќе добие од Бугарија стан и пари за живеење и – бугарско државјанство

0
By Соња Крамарска on February 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: БГНЕС од аудиенцијата на Христијан Пендиков кај Румен Радев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Христијан Пендиков, кој беше повреден во тепачка во Охрид, и Бугарија го „евакуираше“ со авион на лечење во Софија, од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија. Тоа денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, рече Милков.

Пендиков вчера беше отпуштен од Военомедицинската академија во Софија и веднаш беше примен од претседателот Румен Радев.

Тој најави дека Пендиков ќе има и средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, „на која ќе се прецизира во колкава мера и дали му треба обезбедување на нашата територија, за да не стане жртва на провокација“.

Милков ги дефинираше настаните од 4 февруари, по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и случаите на приведени Бугари на граница, како нова ниска точка во односите меѓу Софија и Скопје. „Во однос на конзуларните прашања, правната помош, планираме да направиме некои консултации со нив за да ги изнесеме нашите тврдења, бидејќи тие не нѐ известија за апсењата на бугарските државјани. Тие се обврзани да го сторат тоа според еден куп меѓународни конвенции“, рече Милков.

„Во однос на дискриминацијата – секогаш сме чувствувале дека тоа не е само конзуларно прашање. Дискриминацијата е политичко прашање“, додаде тој.

Милков, како што рече, се надева дека Христијан Пендиков брзо ќе добие бугарско државјанство.

 

Бугарија Николај Милков стан и пари Христијан Пендиков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.