Христо Христов: … На мои 63 години не сум видел полоши односи помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Се разбира дека е можен чесен дијалог, ако има нормални луѓе. Откако завршувале светски војни, значи и недоразбирањата ќе завршат. Потребни се вистинските луѓе кои ќе ги преземат вистинските чекори. Народите на Балканот заслужуваат подобар живот. …
… Сегашната политичка „елита“ во Сверна Македонија се потпира само на изградениот страв дека некој сака да им земе нешто или директно да ги уништи. Поради овој страв луѓето се затвораат и не зборуваат. Нивните пишувања на социјалните мрежи се анонимни. …
… Директен дијалог се избегнува по секоја цена. Исплашеното население гласа за истите политички структури. Секој што доаѓа на власт зема нови меѓународни заеми – плаќа камати на каматите на уште постарите камати – не се стигнува до исплата на реалниот долг. Стигнуваат до момент во кој и сè уште неродените ќе треба да отплаќаат заеми. Младите бегаат, а останатите во државата сè повеќе зависат од нечија милостина. …
Извор: Либертас.мк



