Вкупно 51 лица се убиени во бран на политички убиства во Либија, бидејќи државата нема ефикасен систем за спроведување на законите, соопштиjа од Хјуман рајтс воч (Human rights watch).
Во соопштението се наведува дека либиските власти се уште не ги уапсиле осомничените за овие убиства, а дека меѓу жртвите имало политички активисти, судии и припадници на безбедносните служби.
Оваа организацијата за заштита на човековите права наведува дека убиствата биле извршени околу источните градови Бенгази и Дарна, а дека не се спроведени истраги, ниту властите испитале очевидци.
Засега ниту една група не презела одговорност за тие убиства.
ХРВ наведува дека отсуство од истрага покажува дека владата не може да изгради функционален правосуден систем.
Либија се обидува да ги обнови безбедносните служби по граѓанската војна во 2011 година.