Две лица се во животна опасност, а 13 се повредени откако воз се судри со автобус утрината околу 8:30 часот на преминот „Јабука“, кај Сивериќ во Хрватска.
Како што јавува агенцијата Хина, повредените се пренесени во болница во Шибеник, главно патници од автобусот.
Трае увидот на местото на несреќата, но неофицијално причина за несреќата е неспушањето на рампата на железничкиот премин.
Тоа е премин кој покрај со рампа е означен и со звучен и светлосен сигнал.