Познатиот Хрватски каднапер на авион во САД, Звонко Бушиќ утринава извршил самубиство во својот дом во Ровањаска во близина на Задар.
Бушиќ помина 32 години во затвор во САД, а на јавноста и е познат како учесник во киднапирањето на авион со 76 патници на летот Њујорк-Чикаго во 1976 година.
Авионот принудно слета во Париз, по што се утврди дека киднаперите имаат лажен експлозив.
Вистинската бомба Бушиќ ја ставил во подземната железница, а при нејзиното деактивирање загина еден полицаец, двајца беа тешко повредени.
Бушиќ беше осуден на доживотен затвор, помилуван во 2008-та година, кога во Хрватска стигна во придружба на американски агенти.