Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ ќе ги посети Македонија, Црна Гора и Косово во периодот од 3 до 7 септември, на средба со државните врвови на трите земји каде се очекува да ја изрази поддршката на Хрватска за интеграција на целиот регион на Југоисточна Европа во Европската Унија.
Во рамките на разговорите, се очекува да се дискутира и за економските соработки.
Јосиповиќ во Македонија доаѓа во среда попладне на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Разговорите со претседателот на Собранието Трајко Вељановски, и премиерот Никола Груевски се закажани за четврток, како и средба со претставниците на хрватската заедница во Македонија.
Претседателот Јосиповиќ својата пет-дневна турнеја ќе ја започне со официјална посета на Црна Гора каде што треба да се сретне со претседателот на земјата, Филип Вујановиќ, претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ и премиерот Мило Џукановиќ.
Во неговата прва официјална посета на Косово, претседателот на најновата земја-членка на ЕУ, во петок ќе се сретне со претседателката Атифете Јахјага, како и со премиерот Хашим Тачи, и претседателот на Собранието Јакуп Красниќи.




