Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватските судии во „бел штрајк“ бараат зголемување на платите за 1.300 евра

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватските судии денеска стапија во „бел штрајк“ барајќи зголемување на платите за околу 1.300 евра.

Министерството неодамна најави зголемување на платите на судиите и обвинителите, пред се општинските, кои во просек се платени по 1.670 евра нето.

Платите требало да им се зголемат за повеќе од 300 евра, но Здружението на хрватски судии тоа го одбило и барало зголемување за 1.300 евра.

Здружението минатата недела најави „бел штрајк“ кој го нарекуваат „предупредувачки мерки поради недостиг на дијалог со извршната власт за зголемување на платите“, а очекува да се вклучат две третини од првостепените судии.

Мерките за предупредување, според соопштението, ќе траат две недели, до 19 мај, при што ќе се одложат сите дејствија во првостепена постапка, освен итни во кои може да настане непоправлива штета, додека во второстепена постапка ќе се одржуваат седници на советот, но без одлуки.

Министерот за правда и администрација Иван Маленица рече дека се запознаени со проблемот со платите на судиите и другите правосудни функционери и затоа почнале да го менуваат законот со кој се предлага зголемување на коефициентот и основицата за сите судски службеници, така што месечното зголемување на платите на првостепените судии ќе изнесува 513 евра.

Предложениот закон оди во итна законска процедура.

судии Хрватска штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.