Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И 75 минути се малку кога не смееш да „зуцнеш“ против Владата

0
By Zoran Ivanov on December 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 24, 2025 19:01

Претседателот не треба да биде опозиционер, ама мора да биде институционален коректив. Ако таа улога се сведе на општи реченици и „балансирани“ пораки без конкретна одговорност, тогаш претседателската функција станува протоколарна, а не политички важна.

Мартин Богатиноски

Долгиот годишен говор создаде впечаток на сериозност, но не и на храброст. Кога претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не ја користи најсилната говорница за да постави јасни линии, тогаш функцијата се сведува на протокол, а не на коректив.

Годишниот говор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието беше долг, тежок за следење и што е најсимптоматично – политички мек кон актуелната власт.

Имаше многу општи пораки за државата: владеење на правото, корупција, европски блокади, безбедност, млади, екологија. Но недостигаше тоа што граѓаните најчесто го очекуваат од претседател на држава – јасна реченица за тоа што Владата прави добро, што прави лошо и каде греши.

Кога една држава има очигледни проблеми со правдата, со институциите, корупцијата, загадувањето, миграцијата на младите, тогаш претседателот мора да биде и коректив. Има начини тоа да се каже, без кавги и без дневна политика.

Во говорот на Сиљановска-Давкова речиси и да не постоеше обид за критика. Наместо конкретизирање на одговорноста, претседателката одбра долг, внимателен и „безбеден“ тон.

Токму затоа се отвора прашањето: колку Сиљановска-Давкова е подготвена реално да се одлепи од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја кандидираше за претседателка. Оти, ако претседателот избегнува да ја спомне власта по име и да ѝ земе мерка, тогаш неизбежно се добива впечаток дека институцијата не сака да се судри со политичкиот центар што ја донесе до функцијата.

Арсовски: Во стилот на Фидел Кастро

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за „Слободен печат“ забележува дека говорот на претседателката изобилувал со тавтологии.

– Да бидам искрен, се уморив од говорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, кој беше во стилот на Фидел Кастро, веројатно со цел да ги измори сите оние што ја слушаат. Но, знаете како е во политиката. Што помалку решенија имате во своите политики, толку и вашите говори стануваат сѐ подолги и подолги. Практично, на тој начин се обидувате да ги криете сите недостатоци во една политичка магла. Мислам дека претседателката можеше да биде покуса и поударна. Нејзиниот говор изобилуваше со некакви тавтологии, дека случајот „Пулс“ е некаков тест за македонското правосудство. А всушност, секој посериозен случај е тест за правосудството, а и самото правосудство е постојано под некаков тест – ни изјави Арсовски.

Интересно е тоа што, посочува тој, државниот врв очигледно сѐ подлабоко се закопува во рововите на тензија помеѓу Македонија и Бугарија, па изгледа дека кај нашиот источен сосед нема некоја желба за компромис.

– Нам не ни е потребна Бугарија ако одлучиме да ги спроведеме уставните измени. Нам Бугарија ни е потребна ако инсистираме повторно да преговараме. Но и кога би преговарале повторно, тоа треба да го сториме со Брисел, а не со Софија. Така што, мислам дека ние како држава ќе влеземе во 2026 година во една „пат“ позиција, па можеби и затоа беше потребен таков долг и тавтологиски говор на претседателката – вели Арсовски.

Контрастот со поранешниот претседател Стево Пендаровски е очигледен. Иако беше кандидат поддржан од СДСМ, Пендаровски во повеќе наврати јавно критикуваше политики и потези на тогашната власт. Особено кон крајот на мандатот, и покрај сите недостатоци, знаеше директно да испраќа пораки и до тогашниот премиер Димитар Ковачевски, без да се крие зад општи формулации. Тоа му даваше политичка тежина, јавноста гледаше дека претседателот не мора да биде продолжена рака на партијата што го поддржала.

Ковачевски: Како да го слушавме Мицкоски

Димитар Ковачевски, поранешен премиер и актуелен пратеник, во изјава за „Слободен печат“ вели дека говорот на претседателката Сиљановска Давкова не се разликувал од тоа што практично би го кажал премиерот Христијан Мицкоски на собраниската говорница.

– Се зборуваше за економските политики, меѓутоа презентирани беа само позитивни страни. Ние не слушнавме загриженост на претседателката, на пример, за загадувањето на воздухот. Потоа, не слушнавме загриженост ни за развојот на инвестициите во државата, пред сѐ на странските инвестиции. Знаете дека има дел од индустриските капацитети кои ја напуштаат државата поради условите на пазарот. Во делот на европските интеграции го слушнавме тоа што практично го знаевме од претходно, а тоа е дека нема никакви поместувања. И тоа е веројатно дел од програмата на Владата и на претседателката, така што јас не видов дека Сиљановска-Давкова има различно мислење од премиерот. Претседателот на државата како институција треба да има посебна тежина, бидејќи е избран на непосредни избори од сите граѓани – објаснува Ковачевски.

На прашањето – дали претседателката намерно уште на почетокот на мандатот не сака да отвори фронт со власта, Ковачевски вели дека е тешко да се процени дали нејзиниот однос ќе се промени во иднина.

– Не знам какви им се односите, а и тие односи не можат никако да се проценат, затоа што секогаш имаат ист став. Вие можете да процените нечиј однос кога постои некаков конфликт, меѓутоа, не можете да направите процена кога немате несогласување ни за најмала ситница. Погледнете само колку проблеми имаме во државата што не се адресираат. Не може во километарски говор од 75 минути да не издвоите ни секунда за загадувањето, односно за проблемот со кој сите се соочуваме. Некој ќе каже дека проблемот е наследен, ама тоа не значи дека треба да го игнорираме – вели Ковачевски.

Обраќање или предавање?

Сосема друг проблем е формата на говорот – предолг, со премногу пасуси што звучат како предавање. Во политиката, тоа е ризик: ако пораката не е јасна и „ударна“, се губи ефектот. Граѓаните не го мерат говорот по бројот на цитати и параграфи, туку по тоа дали нешто кажал конкретно – и дали има храброст да укаже на одговорност.

Сиљановска-Давкова беше многу поостра кон надворешните фактори – ЕУ, услови, блокади, Бугарија отколку кон домашната власт. Тоа е избор што создава непријатна слика: кога треба да се зборува за туѓи двојни стандарди, има острина, а кога треба да се критикуваат домашните слабости и одговорноста на Владата, зборува „во ракавици“. На крајот на краиштата, едноставно е: ако претседателката не ја критикува власта во годишен говор во Собранието, тогаш кога ќе ја критикува?!

Претседателот не треба да биде опозиционер, ама мора да биде институционален коректив. Ако таа улога се сведе на општи реченици и „балансирани“ пораки без конкретна одговорност, тогаш претседателската функција станува протоколарна, а не политички важна.

Токму затоа, овој говор повеќе личеше на долг реферат отколку на годишно обраќање што треба да постави јасна линија меѓу функцијата на претседател и работата на извршната власт.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

мартин богатиноски Сиљановска Давкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.