Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Билал Касами по стапките на Теута Арифи – за три месеци  нови 78 хонорарци во општина Тетово

0
By Соња Крамарска on April 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2022 13:10

Откако стана градоначалник на Тетово, Билал Касами најави поголема транспарентност во работењето и дека на секои три месеци ќе ги објавува имињата на лицата кои општината ќе ги ангажира со договор на дело. Тој список е објавен на официјалната веб страница на општината и од него се гледа дека од почетокот на јануари до крајот на март оваа година биле потпишани 78 вакви договори со физички лица.

„Општина Тетово во првите три месеци од годината склучила 78 договори на дело. Од нив, 30 се од претходната администрација. Значителен број лица се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи констатиравме дека имаше недостиг во оваа област. Исто така, некои договори се за административци во Комисијата за легализација и урбанизам поради големиот обем на работа што го има овој сектор и бројните предмети кои треба навремено да се решат според Законот за легализација. Друг дел е ангажиран по потреба во различни сектори. Исто така, ја известуваме јавноста дека сите овие хонорарци на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното“, соопштуваат од општина Тетово.

Во објавата не се наведува кое лице за која активност го склучила договорот, туку само стојат името и презимето, периодот за кој се однесува договорот на дело и висината на хонорарите, кои се движат од 12.000 до 30.000 денари месечно. Според објавените имиња, од 78 хонорарно ангажирани работници, само двајца се од македонска националност.

Претходната локална власт предводена од Теута Арифи склучила 811 договори на дело со вкупно 544 лица. Касами обелодени дека дел од овие лица ги земале хонорарите, а воопшто не доаѓале на работа.

 

 

Билал Касами Тетово хонорарци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.