Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И напред ѕид и назад ѕид

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 12:40

На нашите партии не им требаат само кадровски реформи (да ги замениме функционерите), туку многу повеќе идеолошки реформи. Недостигот на вакви реформи ги прави да изгледаат како трговци со гласови и прекупувачи на волја, користејќи методи кои ни на Николо Макијавели не би му дошле на ум.

Џелал Незири

Албанците во Северна Македонија за првпат се во една многу деликатна политичка ситуација: имаат анемични претставници во централната власт кои сакаат да ги симнат, но имаат и слабо реформирана опозиција која не сакаат да ја вратат назад. Или, како што вели народната поговорка – „И напред ѕид и назад ѕид“.

Во последните изборни циклуси, бројот на оние што не гласаат значително расте. Одѕивот на изборите е некаде над 30 отсто, колку што е бројот на оние што се водат од мотото на навивачите „со партијата – во успеси и порази“. Обично одѕивот достигнува до 40 отсто, бидејќи се смета дека околу 10 отсто се „њушкачи“ гласачи – кои во текот на денот го играат политичкиот облог и се подредуваат на страната на победникот. Само потсетете се на случајот со двојните избори минатата година: во првиот круг на претседателските избори, кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари, освои над 83 илјади гласови, а две недели подоцна – на парламентарните избори – ВЛЕН освои над 107 илјади гласови. И што се случи во меѓувреме што ја направи разликата од 25 илјади гласа? Една фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Таравари, доволна за политичките обложувалници да го направат прецизното подредување – со власта.

Овие денови бев на средба со амбасадор на една земја од ЕУ, каде што разговаравме за интеграцијата на РСМ во Унијата. „Вршат ли некаков притисок албанските партии за да се реши проблемот со Софија и да се деблокира процесот на интеграција?“, беше едно од незгодните прашања што тој ден го доби амбасадорот. Бидејќи средбата беше приватна, тој отворено кажа: албанските партии не се многу загрижени за овие теми, имаат други, попрактични прашања како приоритет.

Вистината е, така е. Не може да се избројат влезовите и излезите на партиите во власт од 2017 година наваму. Веќе ни новинарите не можат да ги следат политичките трансфери од една во друга партија. Сведоци сме на целосна дегенерација на политиката, како активност што е потребна за да се артикулираат општите интереси.

Имам кажано многупати дека на нашите партии не им требаат само кадровски реформи (да ги замениме функционерите), туку многу повеќе идеолошки реформи. Недостигот на вакви реформи ги прави да изгледаат како трговци со гласови и прекупувачи на волја, користејќи методи кои ни на Николо Макијавели не би му дошле на ум да ги спомне во „Принцот“, или на Томас Хобс во „Левијатан“.

Текстоте сопственост на Инбокс 7.мк

 

 

колумна Џелал Незири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.