На Европското фудбалско првенство 2020 година, македонскиот фудбалски стадион „Филип Втори“ и официјално би можел да биде еден од домаќините.
„Филип Втори“ влегува во трката за домаќин на натпреварите од групната фаза на Европското првенство во фудбал откако тоа беше потврдено на состанокот на УЕФА во Дубровник.
Европската куќа на фудбалот објави дека вкупно 32 земји влегуваат во конкуренција да бидат домаќини на турнирот кога ќе се прослават 60 години од првиот турнир одигран во 1960 година.
Првенството ќе се одржи во 13 различни градови, а домаќините ќе бидат познати следната година.
Освен Скопје, како кандидати за домаќини се и Ерменија (Ереван), Азербејџан (Баку), Белгија (Брисел), Бугарија (Софија), Данска (Копенхаген), Германија (Минхен), Англија (Лондон), Финска (Хелсинки), Франција (Лион), Грција (Атина), Ирска (Даблин), Израел (Ерусалим), Италија (Рим и Милано), Казахстан (Астана), Хрватска (Загреб), Холандија (Амстердам), Полска (Варшава), Португалија (Порто и Лисабон), Романија (Букурешт), Русија (Санкт Петербург), Шкотска (Глазгов), Шведска (Стокхолм), Швајцарија (Базел), Србија (Белград), Шпанија (Мадрид, Барселона, Билбао и Валенсија), Чешка (Прага), Турција (Истанбул), Украина (Киев и Донецк), Унгарија (Будимпешта), Велс (Кардиф) и Белорусија (Минск).




