Со ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за ваучери за летување во домашните туристички капацитет за вработени со ниски примања, информира министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на Охрид.

Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, тој посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам. 

„Тоа е е една од мерките што се реализираат од Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања“, изјави Бектеши.

Бројот на доделени ваучери и сумата, нагласи тој, ќе зависи од бројот на апликации.

„Во зависност од апикациите, генерално, секоја година имаме од 1.500 до 2.000 ваучери. Во зависност од членовите на семејството, зависи и висината на ваучерот. Претходните години беше до 220 евра“, појасни Бектеши.