Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И пациенти се жалат на лекарите- за 2 години поднесени 23 претставки

0
By Менче Атанасова Точи on September 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата меѓу пациентите и лекарите во последните две години ескалира. Зачестени се случаите на насилство врз лекарите, но и на пациенти кои поднеле 90 барања да се испита работата на одредени лекари

За две години вкупно 23 пациенти поднеле претставки против лекари, а само оваа година има 51 барање за вонреден стручен надзор за да се испита нивното работење, потврдија во Лекарската комора на РСМ. Од таму велат дека за дел од нив процениле дека немало причина да постапуваат, а другите се процесуирани.

„Во претходните две години добиени се 23 претставки од пациенти против лекари. За дел од нив немало основа за постапување, а за дел од нив има изречено неколку опомени и 5 се во постапка на разгледување“, велат во Лекарската комора.

Во последните шест години биле поднесени 213 барања од пациенти за вондреден стручен надзор од кои 100 се спроведени , а околу 15 стручни надзори се во тек. Од нив само годинава биле поднесени 51 барање за стручен надзор, додека минатата година тој број изнесувал 39.

Барањата за вонреден стручен надзор најчесто се однесуваат за пропусти во лекувањето, неупатување на одредени испитувања и нестручно лекување, објаснуваат во Лекарската комората. Од таму велат дека бројот на пријави и од двете страни и од лекари и од пациенти, ескалира во последно време, телефоните постојано sвонат при што ги упатуваат да поднесат писмени претставки.

Вчера на протестот против насилството „Доста е!“ покрај барањето за обезбедување на лекарите од насилни пациенти или нивни роднини, беше побарано да се направи ефикасен систем за евиденција и санкционирање на несоодветен и непрофесионален однос од страна на здравствените работници. Од Синдикатот на Клиничкиот центар исто така побараа министерот за здравство Венко Филипче да ги заштити сите подеднакво.

„Пациентите треба да разберат дека сме со нив, но не сме семоќни. Но, и вработените исто така  не смеат своите нервози, фрустрации и замор да ги манифестираат врз  пациентите“, рече на протестот Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Од друга страна, во последните девет месеци регистрирани се 15 случаи во кои пациенти или нивни роднини нападнале лекари и со нив физички или вербално се пресметувале, велат во ССКЦ. Дека ситуацијата со напади врз медицински персонал ескалира, говори податокот дека во време на претходниот министер Тодоров имал по 5 случаи на напад на лекар годишно,  а сега тој број за 9 месеци е три пати поголем.

Децениското уништување на здравствениот систем, лошите услови за работа и ниските плати на медицинскиот персонал, како и политиката на претходниот министер Тодоров со која ги сврти пациентите против лекарите создаде тензична атмосфера која се почесто ескалира во насилство.

Незадоволството кај лекарите кулминираше со последниот напад во лекар во гостиварската болница кој беше претепан од роднини на пациент, по што во бесознание беше пренесен во Клиничкиот центар. Само неколку дена подоцна беше нападната медицинска сестра во поликлиниката во Драчево.

Министерот Филипче вчера најави дека започнале кампања за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.  Но, тој не објасни на кој начин ќе се враќа довербата и дали тоа подразбира подобри и побезбедни услови за работа на здравствените работници, како и евиденција на лекарските пропусти и случаите на корупција кои се присутни во јавното здравството.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.