Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И по 20 години од војната, нема крај на голготата од извршителите: Бранителите бараат Владата да исправи голема неправда

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 31, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари, вели бранителот Димче Манчoв од Кочани за Нова ТВ.

Владата може да исправи една голема неправда што им е сторена на бранителите од воениот конфликт во Македонија во 2001 година, на чии рани  и трауми и после дваесет години се долева нова сол, јанѕи и јадови, откако Врховниот суд пред неколку години ја поништи првостепената судска одлука за исплата на нематеријална штета на припадниците на безбедносните сили кои и до ден денешен освен со лузните од војната, се борат и со извршители.

Бранителите не бараат преку леб погача, ниту привилегии во однос на другите граѓани, ни милостина од државата. Тие без око да им трепне во 2001 година застанаа на браникот на татковината и велат дека ќе ја преживеат и оваа битка, но за да на крајот победи правдата ѝ порачуваат на Владата да и стави крај на оваа голгота што им го зема мирот сега.

– Овој проблем може многу лесно да се реши, ако се има волја за тоа. Владата може на седница да донесе акт со кој ќе се откаже од овие побарувања во буџетот и да побара Министерството за одбрана да ја укине присилната наплата преку извршител, вели бранителот Димче Манчев за Нова ТВ.

Бранителите во разговор за Нова ТВ потсетуваат на постконфликтниот  период кога семејствата на загинатите, но и на воените инвалиди поднесоа тужби против Министерството за внатрешни работи и Mинистерството за одбрана чиј епилог преку пресудите на првостепените судови беше во корист на правдата. Тогаш воените инвалиди и семејствата на загинатите добија одреден паричен надомест, како нематеријална штета за претрпена загуба на блиско лице или за намалена животна активност или претрпен страв. Ваквите пресуди ги потврдија и апелациските судии.

Бранителот Манчoв од Кочани вели дека неколку години подоцна Врховниот суд го поништил основот по кој што воените инвалиди и семејствата на загинатите беа обештетени. По ова одлука на врховните судии МВР и Министерството за одбрана почнаа преку тужби да бараат од бранителите да ги вратат парите. Дел од семејствата на обештетените бранители ги вратиле парите, но дел биле опфатени со одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година која по жестоките реакции во јавноста ги повлече тужбите, освен  против четворица припадници на безбедносните сили кои и до ден денешен немаат мир од извршителите.

– На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари. После десет години, откако ни беа исплатени парите, односно два месеца пред истекот на рокот за застарување на делото, кога немавме време ни за жалби, ни за ништо друго, ми беше побарано да ги вратам парите. Преку извршителот треба да вратам 14.000 евра, се присетува бранителот Манчoв кој сега работи во македонската гранична полиција.

Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој со години заедно со другите бранители води неуморна битка за исправање на неправдите, досега има поднесено неколку иницијативи.

Првата вели дека ја поднел додека бил државен советник во МВР, втората и третата како национален координатор за воени и полициски ветерани во Владата и последната во јули 2021 како претседател на „Достоинство“.

– И покрај недвосмислената подршка на поранешниор премиер Зоран Заев и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, сепак иницијативите не ги поминаа владините лавиринти. Токму затоа минатата сабота побарав подршка од Владата. Доколку иницијативата повторно заглави во владините служби, најавив изработка на предлог закон за надминување на овој проблем поради што побарав поддршка од претседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Од нив побарав поддршка и за уште една иницијатива со која треба да се надмине друга голема неправда кон 17 семејства на загинати бранители како и кон триесетина воени инвалиди од 2001-та, кои се уште немаат добиено праведен надоместок на нематеријална штета, вели Ангелов.

На 24 јануари „Достоинство“ повторно поднесе иницијативата со која бара Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски да ја прекине присилната наплата со извршител кон четворицата македонски бранители и да им ги врати назад присилно одземените пари кои ги добиле како праведен надоместок на нематеријална штета поради намалена животна активност, нагрденост, претрпена болка и претрпен страв.

Ангелов информираше и дека на 27 јануари годинава имал, како што вели, конструктивна работна средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која добил отворена подршка за двете иницијативи, а ден подоцна разговарал и со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски од кого исто така добил отворена подршка за иницијативата за четворицата бранители кои со законска камата ја враќаат земената оштета.

Ангелов најави дека за втората иницијатива, имајки предвид дека премиерот на оваа позиција се наоѓа само десетина дена и претежно е на пат надвор од државата, ќе зборува во текот на наредните денови. Тој исто така објави дека и понатаму продолжува отворената подршка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и од министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Бранители конфликт 2001 Отштета Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.