Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И првачиња со анксиозност и депресија – пандемијата ги влоши овие состојби

0
By НОВА ТВ Balaban on December 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 16:30

Дури и кај првачиња се открива состојба на анксиозност и на  депресија велат психијатри за НоваТВ  од  Службата за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ во Скопје.

Алармантни податоци денеска обелоденија Државниот завод за статистика чие истражување покажало дека девет проценти од децата кај нас кои се на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија.

Овие фрапантни бројки се од Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на ДЗС, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените.

Д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, психијатар и раководител во Службата за ментално здравје вели дека имаат се повеќе пациенти меѓу најмалите.

На прашањето поради кои психички проблеми родителите и старателите најчесто ги носат на преглед своите деца и бараат стручна помош, таа објаснува:

– Ни доаѓаат во амбуланта деца со анксиозно растројство, со опсесивно-компулсивно растројство, но ни се јавуваат и деца со депресивни состојби и со нарушување во однесувањето. Овие состојби најчесто се предизвикани  од ситуацијата со ковид пандемијата – вели д-р Аризанкоска Ефтимова, која е и раководителка на Службата за ментално здравје за деца и младинци.

Во врска со тоа кое е најмладото дете кај кое се развиле симптоми на анксиозност и депресија, а коешто се јавило на преглед кај нив, таа одговара:

– Уште од најмала возраст доаѓаат во амбуланта поради овие состојби и тоа, забележуваме последниве месеци, се почесто нѝ доаѓаат. Има деца на различна училишна возраст, но најмали се првачињата – и дел од нив се, за жал,  во анксиозна состојба. Дури има и депресивни деца, иако се на многу рана возраст. Кај нив се јавува страв, вознемиреност, но има и деца кај кои се развила и сепарациона анксиозност – кога стравуваат дека ќе им се случи нешто на нивните најблиски, објаснува д-р Аризанкоска Ефтимова.

Таа нагласува дека овие состојби кај децата најчесто се предизвикани од ситуацијата со ковид пандемијата, која ги затвори дома и децата и возрасните и максимално ги ограничи дружењата со врсниците.

– Добро е што децата тргнаа на училиште. Тие мора да излегуваат надвор, да  разговараат со своите родители, а не да се затвараат сами во соба и да се „дружат“ само со мобилниот телефон и со компутерот. Се разбира, родителите треба да побараат и стручна помош штом ќе забележат симптоми на нарушено однесување кај детето – порачува психијатар д-р Аризанкоска Ефтимова.

Симптоми кои се јавуваат кај состојба на анксиозност се замор, главоболки, повраќање, гадење, тресење на рацете и нозете, болки во мускулите, тешкотии при голтање и дишење.

Исто така, се јавува и намалена концентрација, тремор, препотување, немир, несоница, топли бранови, а еден од симптомите може да е и чешање и тешкотија анксиозноста да се контролира. Ако овие симптоми се јавуваат постојано во последните шест месеци, тогаш станува збор за состојба на анксиозност.

Љубица Балабан

 

анксиозност депресија првачиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.