Од денеска Струмица почнува со акција за субвенционирање при купување на велосипеди. Субвенционирањето ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Мерката се однесува на жителите на општина Струмица кои ќе купат нов велосипед почнувајќи од денеска па се додека бидат потрошени буџетските пари одвоени за таа намена но се нагласува дека повикот трае до 29 април.