Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И „Техномаркет“ со газди од Белизе

23
By Сашка Цветковска on March 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2015 14:48

Синџирот маркети за бела техника и електроника „Техномаркет“ пред година и половина добил нов сопственик од Централноамериканската држава Белизе. Според пријавените промени во Централниот регистер тројцата бугарски газди ја пренеле сопственоста на компанијата „Прасиал Лимитед“ лоцирана на 1 ½ „Мајлс нортен хајвеј. Вистинскиот сопственик е непознат бидејќи според законите на Белизе, којашто важи за даночно прибежиште за богатите, анонимноста е загарантирана.

На истата адреса сместена е и компанијата која се поврзува со скандалот со земјиштето на Водно во кое е вмешан и првиот кум на премиерот, а којшто минатата недела на прес конференција го обелодени претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Компанијата „К и К“ ДООЕЛ во чија што сопственост се маркетите „Техномаркет“ е основана во 1997 година. Својата прва продавница ја отворат во Скопје во 2003 година. Брендот „Техномаркет“ е бугарски, а компанијата го поседува најголемиот ланец од ваков тип продавници во Македонија.

Од компанијата реагираат дека сопствениците на „Техномаркет“ се исти и непроменети, само овојпат решиле да ја преселат компанијата во Белизе.

Последниве неколку години во Скопје основани се четири компании чиишто непознатни сопственици се лоцирани во средноамериканската земја Белизе, којашто во светот е позната како офшор-дестинација, држава со ниски даноци и место кадешто може комплетно да се сокрие сопствеништвото на одредена фирма. Токму затоа никој во Македонија не знае кои се сопствениците на овие четири компании.

Она што со сигурност се знае е дека нивните газди се лоцирани на иста адреса во Белизе сити (1 ½ „Мајлс нортен хајвеј) и тоа најверојатно е некаква адвокатска канцеларија.

Ова се четирите компании и нивните бизниси во Скопје:

„СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“ ОД БЕЛИЗЕ


Последниве неколку години во Скопје основани се четири компании чиишто непознатни сопственици се лоцирани во средноамериканската земја Белизе, којашто во светот е позната како офшор-дестинација, држава со ниски даноци и место кадешто може комплетно да се сокрие сопствеништвото на одредена фирма. Токму затоа никој во Македонија не знае кои се сопствениците на овие четири компании.

Она што со сигурност се знае е дека нивните газди се лоцирани на иста адреса во Белизе сити (1 ½ „Мајлс нортен хајвеј) и тоа најверојатно е некаква адвокатска канцеларија.

Ова се четирите компании и нивните бизниси во Скопје:
1. „Сирах лимитед“
[Плацеви на Водно од 11.000 метри квадратни]

„Сирах лимитед“ е компанијата од Белизе за којшто лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека поседува две катарстарски парцели во парк-шумата Водно кои заедно се простираат на повеќе од 11.000 метри квадратни. Според Заев управител на „Силмах лимитед“ е кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, чија сестра била и најверојатно сѐ уште работи во кабинетот на Никола Груевски.

2. „Базики лимитед“
[Искра ММ – станбен комплекс кај фабриката ФАС 11 Октомври]

„Базики лимитед“ од Белизе заедно со уште една компанија и со еден бизнисмен ја поседуваа градежната компанија „Искра ММ“. Покрај „Базики лимитед“ во „Искра ММ“ како сопственик се јавува бизнисменот Цветан Панделески, инаку татко на Дејан Панделески – кумашинот на министерот за транспрот и врски Миле Јанакиески. Панделески е извршен директор во АД Пелистерка. И покрај „Базики лимитед“ и Цветан Панделески во „Искра ММ“ како партнер се јавува и фамозната фирма со швајцарски капитал од Лугано – „Ексико“.

„Искра ММ“ во медиумите се најавуваше како инвеститор на голем станбен комплекс во скопска Гази Баба, во непосредна близина на поранешната фабрика за автобуси ФАС 11 Октомври. Опозицијата во 2011 година обвинуваше дека изградбата на овој објект, меѓудругото, е една од причините зошто власта го рушеше „Космос“ на Фиат Цаноски.

3. „Иресине лимитед“
[Портал и неделник „Република“]

„Иресине лимитед“ од Белизе преку фирмата „Прва Република“ стoи зад порталот republika.mk и зад неделникот „Република“. Не се знае кој е сопственик на „Иресине лимитед“, а тоа досега не го откриле ниту генералниот директорот на „Прва Република“ Доне Доневски, ниту пак маркетинг директорот на оваа фирма, Стојан Георгиевски – Тото.

4. „Игра инвест лимитед“
[Спортски центар „Јане Сандански“ и Хотел Русијa]

„Игра инвест лимитед“ од Белизе е газда на кипарската компанија „Бет сити лимитед“ која стоеше зад изградбата на новиот спорстски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ во скопски Аеродром. Во јавноста, како сопственик-концесионер на овие објекти беше презентиран рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, меѓутоа тој одбива да објасни која е фирмата од Белизе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.