Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Црквата се сомнева во пописот – религиозната припадност не е точно претставена

0
By Соња Крамарска on April 1, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: religija.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, соопштија денеска.

Во соопштението се вели дека применетата методологија во графата религиска припадност очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам,јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.).

„Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, реагира Синодот.

Македонската православна црква додава и дека „повод за сомневање во точноста на пописот е инепопишувањето на православните Македонци во светот, што веројатно е резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата“.

Црквата потсетува и дека во текот на пописот апелирала „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“.

„Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, велат во соопштението.

попис 2021 црква
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.