Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, утре освен со министерот Никола Димитров и со вицепремиерот Бујар Османи, ќе оствари средба и со премиерот Зоран Заев.
– Средбата на ниво на државни делегации, на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, во којашто учествува и минстерот за надворешни работи Никола Димитров и делегација на Република Грција, предводена од министерот за надворешни работи на Република Грција, Николас Коѕиас, ќе се одржи во Владата на Република Македонија – пишува во вечерашното соопштение.