Published: Wednesday, July 29, 2015 11:57
Селекторот на Мексико, Мигел Херера доби отказ два дена откако со репрезентацијата го освои трофејот во Голд Куп, првенството на Северна и Централна Америка и Карибите.
Неочекуваниот прекин на соработката доаѓа како причина поради инцидентот на аеродромот во Филаделфија, каде Херера удрил коментатор на „ТВ Ацтека“ незадоволен од критиките упатени кон него за време на одржување на Голд Купот.
Кристијан Мартиноли во понеделникот изјави дека темпераментен 47-годишен селектор го удрил во пределот на вратот и го повикувал на физичка пресметка надвор од аеродромот.
Мартиноли важи за еден од најголемите критичари на Херера, новинар што многу често говореше против методите на работа на овој стручњак.
Херера го предводеше Мексико од 2013 година.




