Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иако разрешени, Пучдемон и министрите утрово се појавиле на работа

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што за време на викендот лидерите на Каталонија беа отпуштени од работа од страна на шпанската влада, тие утрово се појавиле на работа, пишуваат локалните медиуми.

Иако каталонскиот Парламент прогласи независност, официјалните претставници на сега веќе нелигитимната регионална власт дошле на своето работно место.

Рул во својата канцеларија

Шпанскиот премиер Мариано Рахој претходно најави дека нема да му дозволи на лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон да управува со регионот, но влезот утрово нему и на министрите им е дозволен за да си ги соберат своите работи од канцелариите.

„Продолжуваме со планирана агенда“, напиша Жозеп Рул, доскорашниот министер за земјиште и одржлив развој на Твитер, фотографирајќи се во канцеларијата.

Пучдемон – Инстаграм

Пучдемон пак, објави фотографија на Инстраграм од каталонскиот Парламент каде што напиша „Убав ден“.

Ова следува по вчерашните протести на стотици илјади Шпанци кои маршираа на улиците во Мадрид против независноста на Каталонија, барајќи казни за Пучдемон и неговите соработници.

Марширајќи со знамиња на Шпанија, околу 300.000 демонстранти, како што пишуваат медиумите, бараа апсење на Пучдемон и сепаратистите кои ја водеа битката за незавнисност.

„Во затвор“, „во затвор“, извикуваа тие.

Шпанската влада, фрустрирана од ситуацијата со Каталонија, во саботата почна да ја презема контролата над автономната зона, отпуштајќи ги од работа претседателот и неговите министри како и шефовите на полицијата, и сета моќ ја презеде во свои раце.

Пучдемон во кратко обраќање до јавноста побара жителите на Каталонија да се спротистават „демократски“.

Според шпанскиот весник „Ел Периодико“, министерот за внатрешни работи на Шпанија побарал од шпанската полиција да бидат симнати од ѕидовите сите портрети во институциите каде што го има ликот на Пучдемон.

Околу 140 каталонски владини претставници се отпуштени од работа, а нови избори се закажани за 21.декември за пополнување на каталонскиот Парламент.

Карлес Пучдемон Каталонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.