Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски, по распитот во Специјалното јавно обвинителство денеска изјави дека дал исказ за неправилностите во изборите кои се случиле во општината Шуто Оризари.

– Како политичар и како лидер на партија дојдов да ја исполнам обврската што ја имам. Конкретно претпоставував дека станува збор за разговорите што ги објавив пред владата. Сметам дека ќе продолжат да се докажуваат криминалните избори што се одржуваа во Шуто Оризари и драго ми е што како што викаат србите „почеоло је почело“ да се докажува вистината за криминалните избори во извборната единица број 2 каде што носител на листа беше Горданата Јанкулоска во 2011 и во 2014 година.

На пат сме да докажеме многу криминали кои ќе се докажат за многу ктатко време. Во интерес на истрагата нема да ви соопштам повеќе детали, но еве конкретно ќе ви кажам дека станува збор за криминалните избори во Општина Шуто Оризари, односно во Изборната едница број 2., рече Ибраимоски.