Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идентификувани се луѓето кои патувале со заболената-4 ца се од Скопје, 5 се од Струмица

0
By Менче Атанасова Точи on February 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 26, 2020 21:19

Деветмината (меѓу кои и возачот) се контактирани телефонски и се во домашна изолација, со преставници од МВР заради прибирање на податоци за да се види со кого се комуницирале. Сите ќе останат во домашна изолација со полициски надзор. Врз основа на податоците со кого,  се контактирале ке се одреди дали ќе останат дома или во одреди места за изолација во болниците.

Заболената пациентка е добра состојба, таа има лесна форма на корона вирус и кај неа е зафатено само на едното белодробно крило. Таа немала претходно хронична болест, има 50 години и е во групата со добра прогноза да се излечи, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на втората прес конференција, по повод новонастанатата ситуација со првиот инеднтификуван случај во дрѓавата. Идентификувани  се сите патници кои биле во комбето и тие вечерва се ставени во изолација со присуство на полицијата.

„Станува збор за 9 луѓе ,8 патници и возачот. Тие трггнале од едно место во Италија(кое ќе биде доплнително соопштено утре). Четворица патнивци се од Скопје и се наоѓаат на 2 локации во соседство се. Пет од останатите патници се од Струмица и се наоѓаат на 3 локации вклучувајќи го и возачот кој е од овој град. Тие се контактирани телефонски и се во домашна изолација, со преставници од МВР заради прибирање на податоци со кого се комуницирале. Сите ќе останат во домашна изолација со полициски надзор. Врз основа на податоците со кого се контактирале ке се одреди дали ќе останат дома или во одреди места за изолација во болниците. Нема потреба од паника, собирање на залихи на храна“ изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентката, 50 годишната жена која подолго пресојувала во Италија не дала точни податоци на граничниот премин, инаку ќе било интрвенирано на самаат граница, потенцира Филипче. Тој нагласи дека граничните полицајци се добро опремени со заштитна опрема и така биле и во моментот кога поминало возилото во кое била заразаената патничка.

„Не одговорила на граница, била спроведена анкета, но не кажала вистински податоци, инаку ќе било интервенирано уште на граничниот премин. Ние уште од почетокот преземавме мерки дека има опасност од проширување на болеста и во тој смисол се сите мерки кои се преземаат, за луѓето од ризичните региони. Има билборди, флаери, совети  за да се јават на дежурните телефони за мобилна екипа да дојде по секој кој доаѓа од ризичен регион а кој има симптоми на болеста. Во овој момент многу е важно луѓето да даваат вистински податци на граница, а медиумите да се информираат директно од Министерство за здравство“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека нема да се прават тестови кај останите патници бидејќи може да бидат лажно-позитивни. Од тие причини е спроведена изолација во траење од 14 дена.

Инаку, лек за корона вирусот не постои, лекувањето е симптоматско со вообичаена терапија во случаи на грип или антибиотици при компликации.

„ Ние ги следиме на дневна база препораките и случувањата во светот. На почеток беше непознат вирус, како излегуваа податоците така се постапуваше. Сега веќе се знае дека се пренесува и по фекоорален механизам и капковно преку дишните патишта. Лекувањето е симптоматко, не постојат лекови за вирусот, се дава терапија ако има компликации на белите дробови и во потешки случаи се става на респираторна машина. Смртноста е околу 2 проценти, 15 посто завршуваат со компликации, но е исклучителна опасност за луѓе со белодробни заболувања“, рече Филипче.

Препораката е да се почитуваат мерките за заштита и да се практикува често миење на раце, доколку некој е болен навреме да се јави на лекарските тимови, на посочените броеви.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.