Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идентитетот на Македонија е отворен за освојување

0
By Нова ТВ on May 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Прва работа што треба да ја знаете за Македонија – ова не е Македонија.“ Со овие зборови канадската новинарка Берт Арчер се обидува на читателите на тамошниот „National Post“ да им објасни каде оди на своето следно патување во репортажата „Ваша за освојување“, која ја пишува токму од – Македонија.

„Онаа Македонија со која најголем дел од нас израснале, онаа на Александар Велики, кој кусо владееше со најраспространетата империја на светот, онаа што ја освои Персија – таа Македонија е во Грција, неколку стотини километри јужно од границата од она што сега официјално и комплицирано е познато како поранешна југословенска Република Македонија, која прослави 20 години од своето официјално признавање на 8 април,“ се вели во написот.

„Сепак, кога ќе слетате во главниот град, Скопје, слетувате на Меѓународниот аеродром Александар Велики, од каде што можете да земете такси до центарот на градот за да се восхитувате на новата скулптура висока 8 спрата, која официјално е позната како „Воинот на коњ“, што како форма која треба да ги одоброволи Грците, но чиј вистински идентитет се издава со пријателскиот поздрав кој тој му го упатува на друга, еднакво масивна скулптура неколку стотини метри оддалечена на Филип Втори од Македонија, кој ова од сите страни затворено парче земја го направи дел до империјата во 356-та година пред нашата ера,“ објаснува авторката пред да се сврти кон објаснувањето на феноменот антиквизација.

„Ова се вика антиквизација и е еден од најзабавните аспекти од оваа балканска земја. Таа се базира врз тврдењето дека античките Македонци на биле Грци, а и покрај фактот дали биле или не биле, тие не живееле овде. Актуелната националистичка власт се обидува да придобие јавна поддршка и туристички пазар врз грбот на Филип и син му, поставувајќи скулптури ширум земјата и правејќи ги центар на она што се нарекува Скопје 2014 (има и своја страница на Википедија), што не е ништо помалку од ребрендирање на сржта на градот (кој во најголема мера беше уништен во земјотрес од времето на поранешна Југославија).

За меморијалната куќа на Мајка Тереза авторката вели дека музејот е изграден на место на црква во која е крстена Мајка Терерза во 1910 гоина, но која била разрушена во земјотресот.

„(Меморијалната куќа) е голема и каприциозно изградена, но, исто така, и празна. Моето момче и јас бевме единствените присутни. По игра на случајот, јас го посетив и гробот на Мајка Тереза во Калкута пред една година. Таму беше преполно. Овој музеј е место за аџилак, кое едвај чека да биде откриено“, пишува авторката.

На крајот од написот таа говори и за идентитетот на денешна Македонија.

„Нејзиниот идентитет е отворен за освојување. Актуелната влада го сака пристапот со Александар, следната можеби ќе ја преферира Мајка Тереза или историјата на земјата како дел од Отоманската империја, или, којзнае, улогата што ја има одиграно во Југославија. Но, во овој момент, на секој посетител му е оставено да измисли своја Македонија и да си ја однесе дома во приказните за своите пријатели и семејства. А, за светски патник, тоа е навистина реткост.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.