Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИДИЛ прогласи калифат

0
By Нова ТВ on June 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 30, 2014 12:51

Три недели по почетокот на офанзивата во Ирак и Сирија, радикалната сунитска милиција ИДИЛ (Исламска држава во Ирак и Левант) во аудио порака на Твитер соопшти дека прогласува калифат на териториите под нејзина контрола.

Калифатот, исламска форма на владеење исчезната пред речиси сто години, ќе се протега од регионот Алепо на северот на Сирија се‘ до регионот Дијала, на истокот на Ирак, соопшти портпаролот на ИДИЛ, Абу Мохамед ал-Аднани. Во пораката објавена на Твитер уште се вели дека калиф ќе биде лидерот на ИДИЛ, Аби Бакр ал-Багдади и дека сите муслимани мора да му се заколнат на верност.

Во исламскиот свет, калифот, кој се смета за следбеник на пророкот Мухамед, се нарекува „емир на верниците“. Калифатот, исламска форма на владеење каде световното и духовното водство е во исти раце, својот процут го имаше во периодот од 7. до 16. век. Последниот калифат беше укинат во 1924 година од страна на турската влада, по распадот на Османлиското царство.

Заклучокот за создавање калифат, според ал-Аднани, е донесен на заседание на шурата (советот, н.з.) на ИДИЛ. Според негови наводи, групата во иднина нема веќе да се нарекува ИДИЛ, туку само „Исламска држава“. Ал Аднани во пораката нагласува и дека калифатот е „сон на секој муслиман“ и „желба на секој џихадист“.

ИДИЛ беше близок на терористичката мрежа Ал Каеда, меѓутоа пролетва дојде до прекин на односите. Според проценки на експертите, сега двете организации се борат за лидерско место во џихадистичкото движење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.