Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИДСЦС: Во преговорите да бидат вклучени и граѓански организации и движења

0
By Нова ТВ on May 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2015 14:36

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) повикува на следните лидерски средби организирани за преговори за излез од политичката криза, покрај претставниците на меѓународната заедница, како набљудувачи да бидат вклучени и граѓански организации и движења.

ИДСЦС констатира дека улогата на граѓаните е важна во осигурување дека потребните реформи за демократизација на општеството ќе бидат одржливи и долготрајни.

„Сметаме дека граѓаните се засегната страна во процесот на демократска трансформација и мора да бидат вклучени. Потсетуваме дека суверенитетот во Република Македонија произлегува и им припаѓа на граѓаните“, велат од ИДСЦС.

Од таму порачуваат дека политичките партии кои во наредниот период ќе треба да ја градат Републиката и да спроведат длабоки реформи, мора да ја прифатат значајната улога која граѓаните, нивните движења и граѓанските организации ја имаат во истиот тој процес.

„Граѓанските организации можат да помогнат со совети и со набљудување на процесот на реформите кои што претстојат.

Предлагаме на лидерските средби, како и идните форми на разрешување на политичката криза, да присуствуваат двајца претставници на граѓанските организации и граѓанските движења.

Предлагаме, овие претставници да ротираат од оние кои се занимаваат со демократизација, добро управување и човекови права. Причината за ваквиот избор е бидејќи во овие сектори треба да се направат првите клучни чекори и најдлабоките реформи. Ги повикуваме организациите кои се заинтересирани да учествуваат во овој процес да не контактираат, а од листата на пријавени ИДСЦС ќе состави редослед по случаен избор и ќе го објави и достави до повиканите политички лидери и амбасадори.

Се надеваме дека политичките лидери ќе разберат дека уште од овој момент граѓаните мора да бидат вклучени во разрешување на кризата. Граѓаните очекуваат одговорност, отчетност и вклучување“, се вели во соопштението од ИДСЦС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.