Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИФЕКС: Македонски новинар добива затворска казна без преседан

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2013 08:58

ИФЕКС (Глобална мрежа за одбрана и промовирање на слободата на изразувањето) дава јавна поддршка на барањето на македонскиот Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски,во соопштение со наслов “Македонски новинар добива невиден затворска казна”.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

-Томислав Кежаровски беше осуден на четири и-пол години затвор за статии со кои го откри името на сведокот под заштита во 2008 за случај за убиство.

Според претходно известување од страна на Репортери без граници (РСФ), заштитениот сведок неодамна сведочеше дека тој дал всушност лажни докази против обвинетите убијци.

Треба да се напомене дека Кежаровски ја водеше истрагата за смртта на еден колега новинар во времето на неговото апсење.

Мрежата за професионализација на медиумите на Југоисточна Европа (кои припаѓаат на ИФЕКС) ја поддржува следнава изјава од страна на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски:

-Пресудата на Основниот суд 1 во Скопје кој денеска го осуди новинарот Томислав Кежаровски на четири години и шест месеци затвор е скандалозна, со ништо непоткрепена и без преседан во европското правосудство, поради што претставува само уште една шајка во ковчегот на веќе погребаната слобода на изразување во Република Македонија.

Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски веруваше во свеста и совеста на судечките судии во Основниот суд 1 во Скопје дека му судат на новинар кој извршувајќи ја својата новинарска задача известувал за незаконски постапки на моќници од МВР и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во случајот на убиството во с. Ореше.

Внимателно ја следевме постапката во текот на која единствен доказ против Кежаровски беа двата објавени текста во магазинот „Репортер 92“, во ноември-декември 2008 година.

Донесувајќи ја скандалозната пресуда, судот одбил да види од текстовите дека новинарот имал јасен и недвосмислен јавен интерес да ја информира јавноста оти полицијата мести лажен заштитен сведок против обвинетите во случајот на убиството во с. Ореше, особено што загрозениот сведок Златко Арсовски самиот се разоткри и призна оти бил уценет од полицијата да биде заштитен сведок. Судот ги игнорирал и фактите дека објавувајќи го записникот на сослушување, Кежаровски го објавил само името, а не и презимето на загрозениот сведок, од што никако не може да се открие неговиот идентитет.

Судиите очигледно му подлегнале на сериозниот притисок и влијание од центрите на моќ, па не ги зеле предвид фактите туку само го препишале обвинителниот акт во пресудата дека Кежаровски сторил кривично дело оддавање идентитет на загрозен сведок.

За ова сведочи и казната од четири години и шест месеци затвор за новинарот, што за вакво кривично дело е драстична санкција незабележана во европското правосудство. Дури во случаи пред Хашкиот трибунал за поранешна Југославија, новинари кои оддаваа идентитет односно објавуваа цела листа заштитени сведоци во судења за геноцид и масовни убиства беа осудени на 3 или 6 месечни затворски казни.

Ваквата неразумна пресуда и драконска казна претставува конечна пресметка со слободата на медиумите, слободата на јавното изразување и директна порака до македонските новинари кои ќе се дрзнат да истражуваат и пишуваат за злоупотребите на власта и моќта – дека ги чекаат сигурни решетки.

Се надеваме дека оваа срамна пресуда ќе ја разбуди свеста на демократската и слободарска јавност во Македонија од која очекуваме поддршка со заеднички акции да ја вразумиме судската и политичката власт во Македонија, се вели во соопштението на македонскиот Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски, кој добива целосна поддршка од ИФЕКС (Глобална мрежа за одбрана и промовирање на слободата на изразувањето).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.