Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Лештар: Со партнер како Арикома, кон уште поголема интернационална експанзија

0
By Нова ТВ on December 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на месецов, една од најуспешните компании во ИКТ секторот во нашата земја, „Сеавус“ е купена од нaјголемиот ИКТ холдинг во Чешка, Групацијата „Арикома“, која е дел од ККЦГ Групацијата на Карел Комарек. Во интервју за порталот А1.он, Игор Лештар – основач на „Сеавус“ објаснува дека продажбата е сериозна и промислена бизнис одлука која отвора нови перспективи за компанијата. Со стратешки партнер како „Арикома“, го носиме „Сеавус“ на следното ниво на развој. Тоа практично ќе ни овозможи да одговориме на предизвиците на новото време, да понудиме иновативни и квалитетни услуги и софтверски решенија од следната генерација за нашите клиенти, истакнува Лештар во инетрвјуто.

Основана во 1999, од компанија со само неколку вработени, „Сеавус“ прераснува во модерна групација која вработува 800 ИТ-специјалисти ширум светот, со петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина. Компанијата нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, а во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Оценувајќи го тајмингот за продажбата како клучен, Лештар вели дека компанијата достигнала степен на развој кој треба уште повеќе да се надградува за поголема интернационална експанзија, за што е потребно окрупнување и многу посилен финансиски партнер кој може да го однесе „Сеавус“ на следното, повисоко ниво на развој. Тој додава дека новиот сопственик „Арикома“ за „Сеавус“ ќе значи функционирање како дел од една поголема ИТ организациона мрежа, понатамошен напредок, забрзување на иновациите и зајакнување на позициите на компанијата на меѓународниот пазар.

Во однос на промените и идните планови, Лештар нагласува дека оперативното и деловното работење на компанијата ќе продолжи непроменето. Лештар продолжува да работи во „Сеавус“ заедно со раководството на „Арикома“, а во продажбата гледа извор на нови можности кои како резултат на здружени сили, експертиза и капитал кои ќе овозможат влез на уште повисоко финансиско и пазарно ниво.

„Луѓето секогаш биле и натаму остануваат највредниот ресурс на компанијата и бизнисот. Токму затоа, на постојните 800 вработени планирани се и нови вработувања со тенденција тој број да достигне до 2.500-3.000 луѓе. Како и досега, ќе продолжиме да вложуваме во обуки и професионална надградба на вработените, со цел и натаму да бидеме компанија во која работат вистински експерти од разни области на ИКТ-индустријата. Секогаш верував дека вработените се клучни за успехот, а за тоа е свесен и нашиот партнер, кој токму во вработените ги гледа и вредноста и силата на компанијата.“– вели Лештар истакнувајќи дека за клиентите оваа купопродажба ќе значи проширување на корисничкото портфолио на услуги, доверлив партнер во забрзаниот процес на дигитализација на компаниите, супериорни и доверливи ИТ решенија за нивните бизниси.​

Инаку, со оваа аквизиција, Групацијата АРИКОМА продира на другите пазари во Европа и ја зајакнува својата позиција во САД. Истовремено, ја зацврстува својата меѓународна позиција во ИТ-индустријата, со консолидирани приходи од 300 милиони евра, добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) од над 23 милиони евра, и повеќе од 2.800 вработени. Една од главните цели на Групацијата АРИКОМА е посилно етаблирање на странските пазари, истовремено поддржувајќи го подинамичниот развој на сопствените SW-решенија и услуги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

ВЕСТИ November 14, 2025

Десет од вкупно 25 пациенти биле упатени на операција на срце без потреба или без…

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.