НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игри без граници: ВМРО ДПМНЕ ја отежнува интеграцијата во НАТО

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протоколот за членство на Македонија во НАТО досега го ратификуваа 28 членки на Алијансата. Земјава чека уште шпанско „си“ за комплетирање на меѓународнитe адреси пред документот да се најде „во финале“ и пред пратениците во македонското Собрание. Тоа, според најавите, ќе се случи многу скоро, штом се формира нова Влада во Мадрид по неодамнешните избори на кои победија Социјалистите на Педро Санчез. Јануари или февруари, сеедно, важно аминот и од Шпанија е формалност.

Но, дотогаш е пожелно да се заврши и дел од домашната задача што се однесува на усвојување новиот Законот за одбрана. Предложените измени и дополнувања минаа на седница во Владата и се проследија во Собранието каде е потребно двотретинско мнозинство (81 пратеник). Власта од петни жили се обидува да издејствува поддршка и од опозицијата за која, пак, веројатно боде очи само додавката „Северна“.

Се допаѓало тоа некому или не, сепак, тоа (промена на името) беше еден од условите за „добредојдовте под големиот безбедносен чадор“ што, впрочем, беше една од двете стратешки цели на сите Влади и парламентарни состави (така се декларираа) по македонското осамостојување од поранешна Југославија, заедно, се разбира, со членството во ЕУ. И сега, одеднаш, проблем и забелешки за држење во неизвесност и божемно конструктивно спротивставување во обид за дневно политички игри и искамчување, ако е можно, на некој глас плус за изборите закажани за 12 април.

Фото: voanews.com

Измените во Законот за одбрана се неопходни за хармонизација со НАТО. Со нив е опфатен и т.н. Протокол 5 со кој се уредуваат правата и обврските за македонскиот член во северноатлантското семејство. На што се однесува? – Се однесува на трансфер од индивидуална самоодбрана во колективна одбрана или „напад на една земја членка се сфаќа како напад на секоја поединечно или на целиот пакет“, но и процедурите за барање помош од идните сојузници во случај на соочување со безбедносни ризици во сопственото двориште.

„Напад на било која членка на НАТО, значи напад врз сите. Тоа значи дека сите би се мобилизирале за помош. Истиот принцип го вградуваме и во нашиот Закон за одбрана и предвидуваме многу јасна процедура на каков начин може нашата држава да побара помош од НАТО, барање за реакција од НАТО, а и на каков начин и ние ќе носиме одлуки за учество во одредени НАТО операции“, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Дел од измените се однесуваат за учество во НАТО мисиите. Според предлогот, таква одлука ќе носи Владата со обврска за рапорт на годишно ниво за вклученост во сите операции до Собранието кое, пак, ќе решава за учество во мисии на Обединетите нации (ОН) и во Европската Унија (ЕУ) што беше пракса и досега.

„Законот е системски и спаѓа во редот на закони за кои е потребно двотретинско мнозинство. Со најголем дел од пратеничките групи во Собранието разговаравме на оваа тема и очекувам плодна дебата штом почне расправата по ова прашање. Но, исто така, очекувам и широк консензус“, додава Шекеринска.

Со измените во Законот за одбрана се регулира и кој се може да биде испратен во мировни мисии во иднина или т.н. „сива зона“. Покрај припадници на Армијата, во таква улога ќе може да се најдат и вработени во Министерството, полициски служеници, лекари, цивили. Сите учесници во мисии, без разлика дали се цивилни лица или армиски припадници, ќе ја носат униформата на С. Македонија, а обележјето ќе биде исклучиво знамето на државата. Во законот за првпат се вградува принцип на правична застапеност. Во односната законска рамка се ставаат и мерките како и опфатот и степенот на заштита на критичната инфраструктура во земјата.

„Ќе биде неодговорно од сите нас да зборуваме за ратификација, а да не си ја завршиме домашната задача. Ова особено се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, кое молчи на оваа крупна тема. Без тој закон ќе биде неодговорно да се зборува за ратификација, а при тоа да не се завршува домашната задача. Владата е уверена дека ние ќе успееме да ја завршиме ратификацијата на нашиот НАТО протокол навреме“, порача Шекеринска.

Со предложените измени во Законот за одбрана се предвидува и петкратно редуцирање на лицата со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации. Досега ги имаше 1.500 на број, а во иднина да бидат сведени на 300. Македонската Армија, согласно новата формациска поставеност, ќе број 6.800 припадници или 1.200 помалку од досега.

Пензионирањето, пак, по редовен пат ќе биде начин за намалување на бројот на вработени во Министерството за одбрана во насока на негова поголема ефикасност. За 2020 година во план е трансфер на 150 до 200 вработени во секторот логистика во делот на храна и услуги во засебно државно претпријатие.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, веќе доби зелено светло од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, но без членовите од ВМРО-ДПМНЕ. Осум членови беа „за“, немаше против и воздржани. Пратениците од опозициската партија ја напуштија Комисијата на почетокот на седницата.

Доколку се отстранат пречките во предложениот Закон за одбрана, истиот би можел да се донесе веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на апелот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за одговорен пристап за членството во НАТО. Како што кажа, тоа особено се однесува на опозицијата која според неа „до ден денеска молчи на темата“.

„Во Законот се вметнати одредби што воопшто не се дел од оние стандардите на НАТО што се неопходни како дел од усогласувањето во делот на Армијата“, изјави портпаролот Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, за НоваТВ.

На прашањето на што конкретно се однесуваат пречките, тој само накусо рече дека за тоа е „добро информирана министерката Шекеринска на трите средби што ги имавме“. Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на ставот за ратификација на Протоколот за членство во Алијансата со одложено дејство.

ВМРО ДПМНЕ Закон за одбрана НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.