Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: Опаѓа бројот на новозаразени и починати, расте бројот на оздравени од Ковид-19

0
By Нова ТВ on July 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од Ковид-19 и раст на бројот на оздравени во однос на претходната недела, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Во дадениот период се направени вкупно 9.563 тестирања (1.402 повеќе од периодот од 13 до 19 јули) при што се регистрирани 956 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 82 случаја помалку во споредба со претходната недела.

Новозаболени се регистрирани во 29 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3 отсто – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1 отсто благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица на возраст од 50 до 59 години (22,3 отсто), а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 40 до 49 и над 60 години – 19,6 отсто во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,6 отсто и од 10 до 19 години – 4,7 отсто од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2 отсто, а кај 279 лица или кај 31,3 отсто е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени, 44,4 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (девет повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 20 до 26 јули се регистрирани 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20 отсто повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).

Во периодот од 20 до 26 јули се регистрирани 32 смртни случаја, што е за 12 помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (84,4 отсто). Дваесет и девет од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети, стои во извештајот на ИЈЗ.

ИЈЗ Ковид-19 Периодичен извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.