Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ со препораки за топлотниот бран: Негативните последици по здравјето може да се спречат

0
By Нова ТВ on August 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 11, 2019 09:39

Високите температури  до 41 степен и високиот УВ индекс што ја зафати земјава викендов ќе се задржи и во наредните денови.  Топлотниот бран од портокалова фаза ќе се задржи до четврток кога се очекува благо опаѓање на температурите.

Секоја година високите температури влијаат негативно на здравјето на луѓето,  ја влошуваат состојбата кај лицата кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести, ментални нарушувања. Тоа доведува до зголемување на стапката
на морталитет во летните месеци кај вулнерабилните групи на населението, а тоа се старите лица, хронично болни лица, доенчиња и работници на отворено, предупредуваат од Институтот за јавно здравје.

Од таму посочуваат дека на вака високи температури можат да се јават и акутни ефекти како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем и друго.

Од ИЈЗ потенцираат дека сите овие негативни ефекти можат да се спречат ако луѓето се придржуваат кон следните препораки:

-За време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10 или после 17 часот.

-Носете светла и лесна облека, (зашто светлите бои ја рефлектираат светлината), а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.

-Останете во затворени климатизирани простори, на температура од 23-25 о С. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

-Внесувајте големо количество течност (не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
Внесувајте помало количество храна.

-Избегнувајте мрсна и високо калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.

-При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

-Кога сте во своето возило – отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!

-Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

-Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo измерете ја својата телесна температура. Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо
одморете се на студено местои напијтесе течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

-Консултирате се со свјот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми или акосимптомите траат подолго време!

-Ако некој член на Вaшето смејество или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош префлетего на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода. Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија. Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, свртете го на страна.

Други можни ризици по здравјето при високи температури се:

-Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!

-Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје).

-Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4 о С, а пред употребата да се загрее на +100 оС. Избегнувајте производи кои термички не се обработени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.