Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли Македонија лидери подготвено за крупни одлуки

0
By Нова ТВ on June 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Односите на Балканот преку дијалог и компромис влегуваат во интеграциски колосек. Хрватска го реши спорот со Словенија, а кога сите веруваа дека тоа е невозможна мисија, и Србија постигна договор со Косово. Македонија е далеку од оваа приказна. Евроатлантските интеграции и‘ се условени со решавање на спорот за името со Грција, а врз тие шанси фрла сенка и непотпишаниот договор за добрососедство со Бугарија.

Има ли Македонија капацитет и лидерство подготвено за крупни одлуки во билатералните спорови? Ставовите на политичарите и дипломатите се поделени по ова прашање, анализа на Дојче Веле.

Претседателот на првото повеќепартиско Собрание, Стојан Андов, вели дека Македонија подолго време нема лидерство, а особено сега – лута.

„Од времето кога е донесена Привремената спогодба, немаме направено ни чекор напред. Немаме лидерство кое е способно да ги примени европските концепти ниту во уредувањето на односите со соседите, ниту лидерство кое и внатре може да ги обедини граѓаните во пропулзивна политика кон напредок. Ако на тоа се додадат и внатрешните слабости – конфузијата во меѓуетничките односи и слабоста на демократските институции, сите тие елементи укажуваат дека нашето државно раководство нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочува земјата“, категоричен е Андов.

Амбасадорот Ристо Никовски, пак, смета дека името на државата е само покритие за да се прекрсти народот.

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Денко Малески, вели дека Македонија ја пропушти можноста како млада и храбра нација да го искористи европскиот дискурс и да излезе од балканската кал, па сега трпи удари од сите страни.

„Најстрашно е кога се обидуваш да демонстрираш водство, а нема кој да те следи. Се договараш за спроведување одреден крупен чекор. Одиме ли? Одиме! Потоа се вртиш и гледаш дека зад тебе нема никој. Политичката структура во почетните години по осамостојувањето не успеа да произведе решенија, но не успеаја и оние кои продолжија потоа. Играа на картата ‘времето работи за нас’. Јас велам ‘времето работи за оние кои работат’“, вели Малески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.