„Добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски“, пред малку твитна претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

„Добри вести дека Северна Македонија и Бугарија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема во предвид интересите и грижите на двете страни“, напиша шефицата на ЕК на Твитер.

Таа додава дека ЕК е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија на нивниот европски пат.