Посредникот за прашањето на името Метју Нимиц пристигна денеска во Скопје. Еден ден откако во Атина ги слушна ставовите на грчката страна околу неговиот последен предлог, денеска и утре Нимиц ќе ги дознае и ставовите на домашните власти.
Американскиот дипломат овој пат не е дојден со нов предлог, туку да ги слушне реакциите на страните околу идеите што им ги открил во април годинава. Детали од овој предлог открива НОВА.
Весникот „То Вима“ пак, дури пишува дека Венизелос уште еднаш го повторил ставот на Атина дека нема да преговара за идеи кои пред сè не ја вклучуваат географската одредница пред терминот „Македонија“ и доколку не станува збор за име за севкупна употреба.
Пред состанокот со Нимиц, денеска претседателот Иванов изјави дека на Македонија треба да ѝ се овозможи да ги почне преговорите за членство во ЕУ, додека паралелно се одвива процесот за решавање на разликите околу името.
Пред почетокот на разговорите на Нимиц со македонскиот државен врв граѓаните во Македонија не се оптимисти дека работите овој пат ќе мрднат од мртва точка. Погледнете ја анкетата на НОВА




